Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 кралски правила што најпрво беа прекршени од Дијана, а не од Кејт или Меган

Веќе неколку години слушаме за кралските правила што ги прекршуваат Кејт Мидлтон и Меган Маркл, без разлика дали со облеката, однесувањето или нешто сосем друго.

kralski-pravila-shto-prvo-bea-prekrsheni-od-dijana-a-ne-kejt-ili-megan-01.jpg

Сметаме дека сопругите на Хари и Вилијам се првите кои ги прекршиле традициите што се стари со векови. Но всушност, повеќето од овие правила веќе беа прекршени, и тоа од Дијана, мајката на Вилијам и Хари.

Во продолжение дознајте за седум од нив:

Давање заклетва на венчавката

Во 1981-ва година, Дијана одлучи да ја прекрши традицијата на кралското семејство, според која на денот на венчавката морала да му се заколнe на Чарлс дека ќе му биде потчинета.

30 години подоцна, истото го направи и Кејт Мидлтон на венчавката со Вилијам, а потоа и Меган Маркл одби да даде ваква заклетва.

kralski-pravila-shto-prvo-bea-prekrsheni-od-dijana-a-ne-kejt-ili-megan-02.jpg

Носење лак за нокти во боја

Кралицата Елизабета со децении го носи истиот лак за нокти, со бледо розова боја. По правило, жените од британското кралско семејство треба да користат неутрални лакови, или воопшто да не ги лакираат ноктите.

Кога Меган Маркл се појави на British Fashion Awards со темен лак за нокти, многумина сметаа дека таа прва го прекрши правилото. Но, принцезата Дијана често се појавуваше со црвен лак за нокти.

kralski-pravila-shto-prvo-bea-prekrsheni-od-dijana-a-ne-kejt-ili-megan-03.jpg

Хулахопки во дречлива боја

За сите свечени настани, жените од кралското семејство мораат да носат хулахопки, и тоа со боја на кожа. Но, принцезата Дијана не сакаше да му се покорува на правилото, па често се појавуваше со хулахопки со секакви бои.

Правилото го прекрши и Кејт Мидлтон, а потоа и Меган Маркл, која се појавуваше на вакви настани без воопшто да носи хулахопки.

kralski-pravila-shto-prvo-bea-prekrsheni-od-dijana-a-ne-kejt-ili-megan-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Ма... „Имавме огромна куќа со послуга. Одевме на гала свечености и седевме на најдобри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg