Декорации со инсекти, долна облека со дупка – најчудните модни трендови од викторијанската ера

Слободно можеме да кажеме дека викторијанската ера била навистина чуден период. Покрај многуте војни, епидемии и строгите социјални норми, луѓето од овој период имале и навистина бизарни вкусови.

najchudnite-modni-trendovi-od-viktorijanskata-era-01.jpg

Од екстремно стегнати корсети, па сè до отровни фустани, погледнете кои се најчудните модни трендови од викторијанската ера:

Користеле боја за облека со арсен

Зелената боја што ја користеле луѓето во овој период била позната како „париска зелена“ и содржела арсен. Овој пигмент го користеле за фарбање облека, но и за варосување.

Луѓето биле свесни дека оние кои работат со арсен умирале, но им било потребно долго за да сфатат дека и бојата што ја користат е исто штетна.

dekoracii-so-insekti-modni-dodatoci-napraveni-od-kosa-najchudnite-trendovi-od-viktorijanskata-era-02.jpg

Ги декорирале фустаните со инсекти

Во викторијанската ера се појавил и тренд за украсување на облеката со крилја од бубачки „тврдокрилци“.

Можеби звучи и малку одвратно, но веројатно боите и сјајот на крилјата ги натерале „викторијанците“ да го засакаат овој тренд.

dekoracii-so-insekti-modni-dodatoci-napraveni-od-kosa-najchudnite-trendovi-od-viktorijanskata-era-03.jpg

dekoracii-so-insekti-modni-dodatoci-napraveni-od-kosa-najchudnite-trendovi-od-viktorijanskata-era-04.jpg

Модни додатоци направени од коса

Овие додатоци најчесто ги носеле луѓето кои жалеле за смртта на некој близок. Но, со текот на времето се прославиле кај сите.

Пронајдени се многу нараквици, медалјони, па дури и чанти украсени со човечка коса, со кои луѓето ја покажувале љубовта кон некој близок, како сопруг или син кој заминал во војна.

dekoracii-so-insekti-modni-dodatoci-napraveni-od-kosa-najchudnite-trendovi-od-viktorijanskata-era-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg