Декорации со инсекти, долна облека со дупка – најчудните модни трендови од викторијанската ера
Шапки украсени со препарирани птици
Ова е можеби најбизарниот тренд – викторијанците украсувале шапки со пердуви, па дури и препарирани птици.
За среќа, овој тренд не траел долго бидејќи многу луѓе почнале да се бунат за убивањето птици и сакале да ги заштитат.
Корсети што ја менуваат женската анатомија
Иако овие корсети не ги убивале жените, ниту правеле да изгубат свест, дефинитивно се екстремно парче облека.
Жените од викторијанската ера толку многу ги затегнувале корсетите, што понекогаш си предизвикувале атрофија на мускулите. Истовремено, им се менувала формата на градниот кош, а поради ова и распоредот на органите.
На илустрацијата е прикажана последицата од корсетите што си ја замислувале лекарите од тој период. Во реалноста, корсетите нема да го направат ова, но сепак предизвикуваат некои промени во телото.
Долна облека со дупка
Целта на долната облека е да ги заштити интимните делови, што значи викторијанската долна облека немала никаква цел.
Сепак, тој период жените носеле премногу слоеви облека, па овие модели им го олеснување одењето во тоалет.
Фустани за сите деца до 4-годишна возраст
Сите деца, без разлика дали машки или женски, до 4-годишна возраст носеле фустани со чипка. Колку повеќе чипка имало на фустаните, толку побогато било семејството на детето.
На некој начин, семејствата се фалеле за нивното богатство преку облеката на децата.
Спирова С. | Црнобело