Кои работи може да ги правите сами дома, а за што треба да одите кај професионалец?
Фарбање веѓи и трепки
Дома: Ова е нешто што би требало да му го оставите на професионалец. Сами можете да ги направите веѓите потемни со моливче, сенка и слично.
Кај професионалец: Ако сакате трајно фарбање на веѓите или трепките, секогаш одете во салон за убавина. Сепак, станува збор за вашето лице и сигурно не сакате да си направите проблем со иритација.
Кратење облека
Дома: Ако станува збор за фармерки, можете да ги скратите и сами. За ова не ви е потребно многу знаење и техники за шиење, а дури и да направите грешка, лесно ќе можете да ја исправите.
Кај професионалец: Ако, пак, сакате да скратите памучни панталони, здолништа, фустани или облека на која јасно се познаваат рабовите, најдобро е да ја однесете кај шивач.
Перење палта, сакоа и слично
Дома: Ако станува збор за памучно палто или ако на декларацијата пишува дека палтото е погодно за во перална, можете да го исперете и дома. Превртете го палтото или сакото наопаку и исперете го во перална според инструкциите на неговата декларација.
Кај професионалец: Волнените капути, јакните и слично најдобро е да ги однесете на хемиско чистење. Најчесто тие се направени од материјали кои тешко се чистат и тешко се сушат, па хемиското чистење е најлесната алтернатива.
Чистење теписи
Дома: Покрај чистењето со правосмукалка, дома можете да ги отстраните и помалите дамки од тепихот. Само внимавајте да не користите средства за избелување на тепих со потемни бои.
Кај професионалец: И покрај редовното чистење со правосмукалка, барем двапати годишно исперете го тепихот. Ова е работа што е најдобро да им ја препуштите на професионалците.
Спирова С. | Црнобело