Бонтон на гости: 7 работи кои никогаш не треба да ги допирате во туѓ дом

Кога ќе отидете на гости, воздржете се од чепкањето на шкафчињата, вадењето на храна од фрижидерот своеволно, како и да палите цигара без дозвола од домаќинот.

bonton-na-gosti-7-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-dopirate-vo-tugj-dom-2.jpg

Можеби периодов избегнуваме одење по гости, но овие правила треба да ги знаете секогаш и да ви останат врежани во главата за кога ќе се вратиме во нормала.

Од непишани правила за на гости, издвојуваме – 7 работи кои никогаш не треба да ги допирате:

1. Фрижидерот

Тоа што сте слободни и се чувствувте пријатно во нечиј дом не е дозвола да копате по неговиот фрижидер.

2. Парното, греалката или клима уредот

Односно, далечинското за нивно регулирање. Може да го замолите домаќинот да ја зголеми или намали температурата, но никогаш не ги преземајте работите во свои раце.

bonton-na-gosti-7-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-dopirate-vo-tugj-dom-3.jpg

3. Лаптоп, компјутер

Користете го само во итни случаи, со претходна дозвола од сопственикот.

4. Кревет

Ако станот е малечок, па во склопот на собата во која седите е и креветот за спиење, никогаш не седнувајте на него. Исто така, не истражувајте сами низ собите на домот.

5. Козметика

Избегнувајте да чепкате и да пробувате разни креми и препарати кои ќе ги видите во тоалетот – верувајте дека домаќините ќе забележат.

bonton-na-gosti-7-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-dopirate-vo-tugj-dom-4.jpg

6. Фиоки и шкафчиња

Ова се смета како сериозно нарушување на приватноста.

7. Сметки, пошта или ливчиња оставени наоколу

Не знаете кој и што запишал на ливчето, но и не знаете дали домаќинот сака да знаете колку плаќа за струја или вода. Држете ги рацете на страна.

bonton-na-gosti-7-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-dopirate-vo-tugj-dom-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg