Слатки фотографии што покажуваат колку кралицата Елизабета ги сакаше животните (во текот на целиот живот)
Низ годините, кралицата Елиабета имала средби со секакви животни - од кучиња и коњи, па сè до фоки - а на сите фотографии од овие мигови е повеќе од очигледно дека вистински уживала во дружбата со животните.
Добро познат факт е дека омилената активност на кралицата Елизабета беше јавањето. Дури и кога имаше 94 години, таа не се откажуваше од нејзиното хоби.
Кралицата беше и огромен љубител на кучињата, а во текот на нејзиното владеење чувала над 30 кучиња од расата корги.
Но, изгледа дека Елизабета имаше љубов за сите животни.
Низ годините, таа имала можност да види слонови, коали, крокодили и што уште не, а од фотографиите и самите ќе ја забележите нејзината радост за време на овие средби.
Погледнете и Факти за кралицата Елизабета кои веројатно не сте ги знаеле.
Слатките фотографии што ја покажуваат љубовта на Елизабета кон животните:
Спирова С. | Црнобело