Не ѝ се допаѓало бунтувањето, не ѝ помогнала со брачните проблеми – Каков бил односот на кралицата и принцезата Дијана?
Но, на Елизабета не ѝ било сеедно за неверството на Чарлс
Во 1995-та година, Дијана направи интервју што го шокира целиот свет. Во интервјуто таа изјави дека во нејзиниот брак со Чарлс всушност има тројца – таа, принцот и Камила.
Кратко по емитувањето на интервјуто, се верува дека токму Елизабета напишала писмо до Дијана, во кое ја советува да се разведат.
Следната година, во 1996-та, Дијана и Чарлс официјално се разведоа.
Дијана продолжи да зборува со медиумите и после разводот
Иако беше свесна за последиците, Дијана продолжи да зборува за животот во кралската палата.
Нормално, членовите на кралското семејство, вклучувајќи ја и Елизабета, не беа задоволни од ова. Веројатно овие постапки дополнително ги заладиле односите помеѓу Дијана и кралицата.
Чарлс, а не Елизабета, побарал да ѝ се одземе титулата на Дијана
Дијана ја изгуби кралската титула по разводот, но за ова бил задолжен Чарлс.
Наводно, Елизабета била подготвена да ѝ дозволи на Дијана да си ја користи титулата, но нејзиниот син инсистирал на спротивното. Што значи, кралицата сепак се грижела за неа.
Критики за кралицата по смртта на Дијана
Трагичната смрт на младата принцеза ги шокира сите, но јавноста беше уште поизненадена од ладнокрвноста на Елизабета.
Сепак, многу извори тврдат дека кралицата била ужасната од трагичниот настан и дека сметала дека смртта на Дијана е огромна загуба за нацијата.
Во писмо, кое било напишано по смртта на принцезата, кралицата изјави:
„Навистина е премногу тажно и ова е голема загуба за државата. Но, реакцијата на јавноста за нејзината смрт и погребот како да ги обединија луѓето од целиот свет на навистина инспиративен начин“.
На кралицата сигурно не ѝ се допаѓало бунтувањето на Дијана и прекршувањето на правилата, но слободно можеме да кажеме дека таа сепак ја сакала и ја ценела како личност.
Спирова С. | Црнобело