10 навики кои се нормални во некои земји, а во Македонија се сметаат за чудни
-->
Во Грузија се плаќа за да се возите во лифт, а во Франција луѓето што живеат во изнајмен стан во зима не смеат да бидат избркани од него ако немаат пари да платат кирија.
Посетата на разни земји во светот носи богатство од искуства. Учиме за тамошниот начин на живот и за навиките на локалното население.
-->
Во Македонија имаме некои чудни навики од типот масирање со ракија при настинка, ставање на оцет на нозете при висока температура и седење со кафе по 3 часа во кафуле. Не навлегуваме во тоа дали се правилни или погрешни.
Но, кои се навиките на жителите од другите земји во светот, што на нам Македонците ни се чудни?
Во Колумбија кога сакаат да посочат на нешто луѓето не покажуваат со прст, туку со усните. Покажувањето со прст го сметаат за некултурно.
Во Грузија треба да платите за возење со лифт, во самите лифтови има метални кутии за монети, а парите се користат за одржување на лифтовите.
Во Германија нормално е да имате скара на терасата, тоа е дамнешна традиција. Но, интересно е што ова и кај нас сѐ почесто станува практика, па можеби и не е толку чудно како останатите навики на странците.
-->
-->
Во Франција луѓето што живеат во изнајмен стан во зима не смеат да бидат избркани од него ако немаат пари да платат кирија, за да не измрзнат и умрат на улица.
-->
Во Холандија многу луѓе живеат на бродови кои ги има по страните во каналите и секој брод има свое место, ако сакате да го преместите мора да поднесете барање за ново паркинг место.
Уште 5 навики на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме
Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Џвакање со отворена уста и уште 9 чудни причини зошто луѓе раскинале некому
„Искрено, кога некој дише или голта прегласно, не можам да поднесам. Не можам да...
6 чудни стандарди за убавина кои постоеле во минатото (некои од нив ни се денес смешни)
Жените во Кина со екстремно долгите нокти (околу 25cm) покажувале дека се богати...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било)
Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините
Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме
Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...
-->