Патите ли од Фејсбук синдром?
Дека Фејсбук е нешто кое денес секој мора да го има – знаат и врапчињата. Малкумина се оние кои успешно и одолеваат на оваа социјална мрежа.
За многумина, да се има што поголем број на пријатели на Фејсбук е нешто престижно, а и добро влијае на нивното его. Но, постои и темна страна поврзана со бројот на пријатели на Фејсбук.
Во новото истражување спроведено во Шкотска, истражувачите откриле дека луѓето со најмногу виртуелни пријатели се склони кон анксиозност и стрес.
Откако биле анкетирани 200 студенти, психолозите дошле до заклучок дека 12% од учесниците, оние кои биле под најголем Фејсбук стрес имале во просек 117 пријатели. Останатите 88% имале во просек 75 пријатели. Повеќе пријатели – повеќе грижи.
Под стресни ситуации ги подразбираат бришењето на некои од постоечките пријатели од X причини. Дури 63% одговориле дека често пати го одложуваат потврдувањето на барањата за пријателство пред да го одбијат Friend request –от.
Зависниците од Фејсбук признаваат дека се плашат да се откажат од него затоа што сметаат дека нема да бидат во тек.
„Баш како и коцкањето, Фејсбук ги задржува корисниците во невротична состојба затоа што тие остануваат пред компјутер случајно да не пропуштат нешто добро“ – вели психологот Кејти Чарлс.
Ете зошто сме ние напната нација – кај нас ретко кој има под 200 пријатели, а чести се оние со по 2–3.000 пријатели, па дури и два профили.