Цветна, ведра, вистинита - Кое е значењето на името Билјана?

Билјана е женско име со словенско потекло. Значење на името потекнува од зборот билје – билка, растение или цвеќе. Симболиката на Билјана соодветствува на латинското име Flor / Flora.

Koe-e-znacenjeto-na-imeto-Biljana-01.jpg

Најчестите варијации на името Билјана се Биљана, Биле, Биба… интересно е што ова словенско име воопшто не ја изгубило популарноста низ вековите. И денес е значително присутно кај новороденчињата од женскиот пол.

Според друго толкување, древномакедонскиот збор „билја“ значи – вистина. Денес, во хрватскиот јазик се употребува зборот „збилја“ со значење „навистина“, а кај нас коренот на зборот останал во „озбилно“ – сериозно, вистинито. Ова е уште едно симболично појаснување за значењето на името Билјана или – вистинита.

Кога луѓето ќе го слушнат името Билјана, потсвесно им асоцира на ведра, искрена, дружељубива личност. Билјана е најчесто игрива, сака да се дружи, знае да кокетира и лесно умее да ја освои толпата кога влегува во просторија. Билјана е најчесто харизматична, промислена која детално размислува и анализира пред да прозбори нешто.

Означете ја вашата омилена Билјана во животот и разубавете ѝ го денот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...
За вашите принцови и принцези: Кралски имиња кои се популарни и во Македонија Елизабета, Дијана, Александар... Кои имиња со кралско значење се популарни кај н...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg