Никој не сака да привлекува лоша среќа – 5 предмети во домот кои шират негативност
Ако сте суеверни и верувате дека некои постапки и предмети привлекуваат лоша среќа – дефинитивно треба да ги знаете овие работи.
Секако, не секој верува дека скршеното огледало носи лоша среќа или дека нешто во домот може да привлече негативна енергија.
Но, има и такви кои веруваат во ова, па би било добро да знаете што треба да избегнувате, од што да се ослободите или како да ги поставите предметите во домот.
5 предмети кои привлекуваат негативна енергија во домот:
Предмети кои ви се подарок од некој што не ви е драг
Доколку имате некој подарок од не толку драга личност или личност со која веќе не сте во добри односи – не мора да го чувате, посебно не на видно место.
Подарете ги на некого, донирајте ги, или фрлете ги ако се во лоша состојба – нема потреба да ве потсетуваат на лоши работи секој пат кога ќе ги погледнете.
Метла обратно поставена
Според некои верувања, метлата секогаш треба да биде поставена надолу, за да се шири добра енергија низ домот.
Исто така, не треба да ја чувате среде дом, туку во остава или посебен дел каде чувате предмети за чистење.
Верувате ли и вие дека обратно постваена метла може да донесе лоша атмосфера?
Отворени ножици
Можеби досега од некоја суеверна личност сте слушнале дека ножиците треба секогаш да ги чувате затворени, во спротивно – следи лоша среќа. Нешто слично како со скршените огледала?
Со ова доаѓа и верувањето дека не треба да чувате скршени рамки и искинати слики. Заменете ги со нови и зачувани.
Скршени предмети
Ви се случило ли некој да ви каже дека не е убаво да чувате пукната чаша дури и ако не може да предизвика опасност?
Суеверните личности не сакаат да чуваат скршени работи во домот, бидејќи тоа наводно привлекува тага, меланхолија и негативна енергија во домот.
Па, колкав е списокот за фрлање?
Бодликави растенија
Мислењата околу ова се поделени, но многу фенг-шуи експерти велат дека бодликавите растенија предивикуваат негативна енергија во односите помеѓу луѓето кои живеат во домот, а привлекуваат и финансиски проблеми.
Сепак, има и луѓе кои сметаат дека тие им носат среќа, па доколку имате такви цвеќиња од кои не сакате да се ослободите, можеби треба само да им го промените местото, на пример, на тераса?
М. М. | Црнобело