Парфем-оружје за заведување
Во модерно време, баш како и илјадници години порано, при дотерување и разубавување на припадничките на понежниот пол, не може да се...
...заборави една од најважните работи – парфемот.
Денес има најразлични и по мирис и по цена, а произведувачите на овие пријатни и деликатни работи се натпреваруваат во изработката на што подобар парфем кој ќе ги освои сите.
Парфемите, според некои историски податоци, почнале да ги употребуваат древните Египќани пред неколку илјади години, но ислкучиво во ритуални и верски обреди. Ги превеле од етерично масло и сокови од растенијата, изработувајќи најразлични мешавини од пријатни мириси со кои се мачкале за време на ритуалите и различните обреди.
Околу 2000 година пред нашата ера парфемите се правени и користени најчесто за церемонии на прочистување.
Пет векови подоцна, парфимираните креми, уља и тоалетни води како и слична козметика, почнале да употребуваат Египќанките, за веме на прослави и разни фестивали.
Исто така, мирисите во тоа време станале популарни и како средство за заведување. Во тоа време парфемот почнал да се корости и во Грција, Римското царство, но и во исламскиот свет.
Во стариот Рим миризливите креми и парфеми биле многу ценети, а жените и девојките со задоволство ги користеле. Со пропаѓањето на Римското царство парфемот потонал во заборав, за да, по некои историски подфатоци, повторно стане популарен во дванаесетиот век.
На стариот континент вистинските стручњаци во создавање волшебни мириси, се разбира, биле Французите.
Во четиринаесетиот и петнаесетиот век постоеле повеќе работилници во кои на основа на стари тајни рецепти се создавани мириси, а состојците на овие парфеми мајсторите љубоморно ги чувалеод конкуенцијата.
Со време на пазарот се појавиле и парфимирани помади, а во 1656 година Французинките почнале да користат и специјални мирисни ракавици. Оваа држава многу бргу стана позната по парфемите, а замокот на Луј Петнаесети стана познат како – парфимиран замок.
Во вековите кои следеа, од изработката на парфеми направена е вистинска индустрија, а овој пронајдок стана популарен низ цела Европа, како и на другите континенти.
Со напредокот на технологијата овозможени се и нови начини на производство на парфеми, колонски води и други мириси. Денес постои цела низа познати и скапоцени парфеми кои многу жени ги посакуваат во својата колекција.
Кој е вашиот омилен парфем?