Исповеди на луѓе: Советот кој би ми помогнал во младоста

„Маж што го минува со тебе слободното време и маж кој ослободува време за да биде со тебе се две различни работи.“

ispovedi-na-lugje-sovetot-koj-bi-mi-pomognal-vo-mladosta-01.jpg

Убаво е од време навреме да погледнеме кон себе и да провериме каде сме погрешиле и како можеме да се подобриме.

Како да пораснеме како индивидуи, учејќи од грешките од минатото?

Луѓе погледнаа наназад и си дадоа совети на помладата верзија од себе:

„Талентирана си. Ќе паднеш неколкупати, еднаш и страшно, но затоа закрепнувањето ќе биде спектакуларно.“

„Патувај, патувај колку што можеш повеќе. Одење со ранец низ Европа со 4-годишни близнаци не е баш изводливо.“(кога ќе биде возможно да се оствари овој совет)

„Те молам да научиш да готвиш. Слатко е да не знаеш да готвиш на 22, но на 32 со маж и дете веќе е животен проблем.“

„Маж што го минува со тебе слободното време и маж кој ослободува време за да биде со тебе се две различни работи. Научи се да ја гледаш разликата.“

„Станува подобро. Ќе стане многу, многу полошо, но потоа ќе тргне на подобро. Само издржи.“

ispovedi-na-lugje-sovetot-koj-bi-mi-pomognal-vo-mladosta-02.jpg

„Не се врти сѐ околу тебе. Секој има свои проблеми и свои битки. Имај емпатија кон другите, како што очекуваш тие да имаат кон тебе.“

„Раскини со него. Освести се дека двајцата го будите најлошото еден во друг. Дали знаеш колку забава можеш да имаш во тие години наместо константно да се караш со него?“

„Биди самоуверена. Иако некогаш тоа е тешко. Никој нема да верува во тебе, сѐ додека ти не почнеш да веруваш во себе.“

„Секогаш кога можеш излегувај од градот, оди во природа. Не дозволувај да ти се појават брчки од стресниот начин на живот.“

„Освести се колку си среќна, доста се преокупираш со тоа дека треба да исполниш некакви цели.“

ispovedi-na-lugje-sovetot-koj-bi-mi-pomognal-vo-mladosta-03.jpg

„Прашувај ги родителите за совети почесто.“

„Проголтај ја гордоста и прости му на татко ти. Престани да го игнорираш, тоа ќе ти биде залудно потрошено време.“

„Престани да веруваш дека твојот живот магично ќе добие смисла на 30 години. Откако ќе го прифатиш тоа, повеќе ќе уживаш.“

„Замини си од врската после првата лага“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg