Правила што ги следат Скандинавците - најсреќните луѓе на светот
Не им се брза
Во денешното општество изгледа како сите да брзаат некаде – да стигнат на работа, да ја избегнат турканицата во продавница, да ги платат сметките… Ова, пак, секогаш резултира со турканици на прометните места и на крај никој не стигнува никаде.
Но, во скандинавските држави не постои нешто вакво. Сите го почитуваат редот, ги избегнуваат турканиците, а со ова нема потреба од брзање.
Обидете се да го примените ова во секој аспект од животот – јадете бавно и уживајте во храната, одете бавно и уживајте во опкружувањето… Нема потреба да брзате секој ден.
Јадат како викинзи
Риба, шумски бобинки, печурки, јаткасти плодови и интегрален леб – ова е вистинската нордиска исхрана која се покажала како навистина здрава.
Овие намирници се богати со најважните хранливи состојки, па слободно јадете ги почесто.
Многупати се покажало дека исхраната влијае не само на физичкото, туку и на менталното здравје, па внимателно одбирајте што ќе внесете во организмот.
Не им е страв од студот
Скандинавците знаат дека студот може да биде корисен. Тие веруваат дека ако од најрана возраст му дозволувате на детето одвреме-навреме да му пристуди, неговиот имунитет ќе се зајакне.
Всушност, и науката покажала дека ниските температури го подобруваат квалитетот на сонот, го подобруваат апетитот, го зајакнуваат имунитетот, па дури и го поттикнуваат слабеењето.
Не мора да излегувате надвор на студено време за да го почувствувате ова. Сосема доволно е да го завршите туширањето со студена вода.
Веруваат во термалната терапија
После прошетка на студот, скандинавците сакаат да одат во сауна.
Сауната може да ги намали стресот и анксиозноста, да ве ослободи од главоболките и да го подобри менталниот перформанс.
Но, нема потреба да барате сауна за да ги почувствувате придобивките. И купката со жешка вода може да го има истиот ефект.
Се грижат за околината
Скандинавците се вљубени во природата, а нивната грижа за неа го потврдува тоа. Тие дури собираат ѓубре од улиците додека џогираат.
Можеби сега не можете да се вклучите во акција за чистење на јавни површини, но можете да го селектирате вашиот отпад, да користите помалку пластика, да користите торба за купување наместо пластични кеси…
Постојат безброј начини да ја заштитите околината од удобноста на вашиот дом.
Го почитуваат личниот простор и потребата за самотија
Дури и кога не треба да практикуваат социјално дистанцирање, скандинавците го почитуваат личниот простор на другите.
Кога чекаат ред не се „лепат“ до личноста пред нив, не се туркаат во гужви и секогаш се обидуваат да држат дистанца.
Истовремено, тие ја сфаќаат потребата од самотија. А, од самотијата многу предности. Кога минувате време сами со себе, можете да размислите за вашите цели, планови, идеи, грешки, врски… Можете да работите на вашите хобија, проекти и сè што сте наумиле.
Периодов имате одлична можност да научите да уживате во самотијата и времето поминато со себе.
Спирова С. | Црнобело