Правила што ги следат Скандинавците - најсреќните луѓе на светот

Веќе некое време, државите од северот на Европа се дом на најсреќните луѓе во светот. 

pravila-shto-gi-sledat-zhitelite-na-najsrejnite-drhzavi-vo-svetot-skandinavcite-01.jpg

Иако периодов сите се во битка со корона вирусот и можеби многу работи се променети, сепак во нормални услови тие имаат одредени правила по кои живеат заради што животот им е полесен.

Дури и во вакви времиња, некои правила уште се неопходни да се следат за животот да продолжи да се одвива како што треба. Сепак, зависи од условите.

Како и да е, досега се покажа дека очигледно Скандинавците го имаат клучот за среќата, па сите би можеле да научиме нешто од нив.

Во продолжение погледнете кои навики и правила им помагаат вистински да уживаа во животот (нешто може да преземеме сега, а некои други, кога сето ова ќе помине и ќе се вратиме на нормалниот живот):

Однапред го планираат нивниот живот

Овие луѓе најчесто ги планираат важните настани и средби цела година однапред. На пример, планираат следниот месец да одат на лекар, за 6 месеци да одат на заболекар, одморот го планираат неколку месеци однапред…

Можеби периодов е тешко да правите вакви планови бидејќи, сепак, ситуацијата е непредвидлива. Но, имајте го ова предвид кога нештата ќе се вратат во нормала.

На овој начин подобро ќе управувате со вашето време, ќе знаете кои работи се приоритет, а што може да почека и нема ништо да правите во последен момент.

pravila-shto-gi-sledat-zhitelite-na-najsrejnite-drhzavi-vo-svetot-skandinavcite-02.jpg

Водат активен живот

Во скандинавските земји, шетањето во природа е важен дел од животот на речиси сите. Ова дефинитивно има позитивно влијание бидејќи само во Норвешка, 77% од населението смета дека е со одлично здравје.

Но, шетањето во природа не е единствениот начин да бидете здрави. Денес постојат безброј видеа и програми за вежбање што можете да ги најдете на интернет, а кои ќе ви покажат како да се активирате и во нашиот дом.

Истовремено, кога ќе помине целава ситуација со пандемијата, обидете се помалку да користите превоз. Односно, секогаш кога можете одете пеш или возете велосипед.

pravila-shto-gi-sledat-zhitelite-na-najsrejnite-drhzavi-vo-svetot-skandinavcite-03.jpg

Купуваат домашни продукти

Кога одите во маркет, обидете се да ги споредите цените на домашните и увезените продукти. Веднаш ќе забележите дека она што е направено кај нас е поевтино, а ниската цена не значи полош квалитет.

Овошјето и зеленчукот што се произведени кај нас се секогаш посвежи од увезените и речиси секогаш имаат пониска цена.

Па, следниот пат кога ќе одите во продавница, обидете се да купите и домашни продукти. Истото може да важи и за облека, мебел, козметика…

pravila-shto-gi-sledat-zhitelite-na-najsrejnite-drhzavi-vo-svetot-skandinavcite-04.jpg

Забораваат на работата кога си одат дома

Колку пати ви се случило да останете неколку часа повеќе во канцеларија? А, колку често ви се случува да продолжите со работа дури и откако ќе се вратите дома?

Само 2,9% од Норвежаните изјавиле дека работат прекувремено. Останатите целосно ја забораваат работата кога ќе си дојдат дома и го посветуваат времето на себе, на семејството, на пријателите…

Сегашната ситуација ви е одлична можност да го „извежбате“ ова, особено ако работите од дома. Обидете се да ги завршите најважните обврски во текот на работното време, а кога ќе заврши работниот ден, одвојте барем неколку часа правејќи нешто што ви причинува задоволство.

pravila-shto-gi-sledat-zhitelite-na-najsrejnite-drhzavi-vo-svetot-skandinavcite-05.jpg

Носат рефлектирачка облека навечер

Знаевте ли дека во Финска постои закон, според кој секое дете треба да има барем 3 рефлектирачки ленти на неговата облека? Благодарение на ова, се избегнуваат многу сообраќајни незгоди во текот на ноќта.

Кога повторно ќе можеме да излегуваме навечер, обидете се да набавите рефлектирачка лента и носете ја секогаш. Направете го истото и за вашите деца.

pravila-shto-gi-sledat-zhitelite-na-najsrejnite-drhzavi-vo-svetot-skandinavcite-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg