Како да ги „прочитате“ луѓето според нивните навики и начини на однесување?

Секојдневните навики за извршување на вообичаените обврски во животот можат да ви кажат многу за личноста. Ракувањата, модните избори и начинот на кој одите се само некои од нив.

Mozete da ja procitate licnosta na lugeto preku nivnoto odenje pisuvanje selfi 01

Еве како можете да го прочитате карактерот на луѓето преку нивното одење, пишување, селфи...

Говор на тело

Експертот за говор на телото, Пети Вуд, вели дека одењето ја открива личноста.

Ако вашата тежина е обично напред и се движите побрзо, вие сте многу продуктивни и логични. Доколку одите со градите напред, а ја држите главата нагоре (што е вообичаено кај многу политичари и познати личности), забавни сте, харизматични и социјално расположени.

Ако вашата телесна тежина е во рамнина, а не напред или назад, повеќе сте фокусирани на вашиот личен живот отколку на вашата кариера. Ако вашата тежина е на прстите, а со очите го гледате подот, веројатно сте интроверти.

Ракување

Постојат осум карактеристики на ракувањето: јачина, температура, сувост, цврстина, времетраење, енергичност, текстура и контакт со очите.

Луѓе со цврст стисок се емотивно поизразени, отворени и позитивни од другите. Оние со полабав стисок се класифицираат како посрамежливи и невротични.

Лоши навики

Луѓето кои постојано ја допираат косата или ги гризат ноктите или усните се склони кон перфекционизам, а нивните постапки се резултат на обидот да се убие здодевноста, нервозата или незадоволството.

Бидејќи е подобро да се направи нешто наместо ништо, овие повторливи однесувања се, на некој начин, утеха за нив.

Mozete da ja procitate licnosta na lugeto preku nivnoto odenje pisuvanje selfi 02

Навики во исхраната

Однесувањето поврзано со храната ни кажува многу за личноста. Оние што јадат полека ја сакаат контролата, додека оние што брзо јадат обично се амбициозни и нетрпеливи.

Ако сте некој кој сака да ги одделува состојките во чинијата, вие сте многу внимателни и детално ориентирани во вашиот секојдневен живот.

Начин на правење селфи

Вашите профили на Instagram или Facebook кажуваат многу за вас. Совесните луѓе ретко ќе откријат приватен простор во позадина. Луѓето кои покажуваат позитивни изрази на лицето, како што се насмевки, се поотворени за нови искуства, додека „duckface“ е поврзан со невротична личност.

Ракопис

Луѓето кои пишуваат големи букви бараат внимание, додека оние кои пишуваат со мали букви се интровертни и со подобар фокус.

Ракописот со посилен притисок укажува на тоа дека сте поемотивни и поодговорни, а помал притисок подразбира леснотија и можност за промена.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg