Генијални трикови и вештини што можете да ги научите од YouTube

Без разлика дали работите од дома или едноставно чекате подобри времиња, времето поминато помеѓу кујната, бањата и спалната соба може да биде забавно и едукативно.

veshtini-shto-mozhete-da-gi-nauchite-od-youtube-01.jpg

Покрај тоа, ќе го активирате мозокот и ќе се смеете, што придонесува за добар имунитет.

Ова се неколку генијални трикови и вештини што можете да ги научите со помош на YouTube:

Како да го исчистите одводот

Бидејќи вашите водоводџии треба да останат дома, можеби е време да научите сами да направите мали поправки и да си го олесните животот. Исчистете го одводот со мешавина од оцет, сода бикарбона и топла вода.

Брзо читање

Иако можеби не ви се брза во моментов, ќе има ситуации кога нема да најдете време да прочитате нешто. Затоа, ако сакате да го научите методот за брзо читање, можете да ги погледнете советите од експертот Рон Вајт.

Како да направите „ѕвезда“

Доколку на училиште не научивте да направите ѕвезда, сега е вашата шанса. Со вежбање, секој ќе успее да ја направи. Пред да почнете, сепак направете сè што е потребно за да не се повредите.

Врзување вратоврска

Научете како да врзете вратоврска за 10 секунди. Кога ситуацијата ќе се стабилизира и ќе дојде време за следниот свечен настан, ќе имате можност да ја искористите оваа вештина.

Научете странски јазик

Учењето странски јазик отвора многу врати, а првиот чекор е да научите како да кажете „здраво“. За две минути ќе слушнете каде наместо „здраво“ се вели „ахој“, „намасте“ или „коничива“.

Отстранете ги дамките од виното

Наместо во ресторан, можеме да пиеме вино и дома. Но, доколку ви се случи незгода и завршите со црвена дамка на ткаенина, постои начин да ја отстраните со сол и оцет.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg