Рајан Рејнолдс и уште 9 познати ламберсексуалци - Што претставува ламберсексуалец?

Машката мода и машките трендови се менуваат исто брзо колку и женските.

rajan-rejnolds-i-ushte-9-poznati-lamberseksualci-shto-pretstavuva-lamberseksualec-01.jpg

И мажите мораат постојано да бидат во тек со промените, па прво имавме „метеросексуалци“, потоа „хипстери“, а сега се појави и нов збор - „ламберсексуалец“.

Зборот потекнува од англискиот lumberjack (дрвосечач) и воглавно е комбинација од стилот препознатлив за американските дрвосечачи (карирани кошули и брада) и стилот познат како „хипстер“.

Што точно ги одликува ламберсексуалците?

Изгледа дека главната одлика на овие мажи е да изгледаат како да не се грижат за својот изглед, додека важи спротивното.

Сепак, да изгледате силно и неуредно, а сепак привлечно, бара труд, како и секој моден тренд.

shto-se-lamberseksualci-i-koi-mazhi-spagjaat-vo-ovaa-kategorija-02.jpg

Постојат неколку карактеристики што се препознатливи за овој тренд:

Карирана кошула: Ова е најчестиот избор на облека на „ламберсексуалците“. Најпопуларни се кошулите со црна и црвена боја, кои обично се комбинираат со „износени“ фармерки, чизми и волнена капа. Понекогаш во комбинацијата може да се вметне и спортско сако.

Коса и брада: Овие мажи се одликуваат со малку подолга и навидум неуредна коса. Друга важна карактеристика на стилот е брадата која, исто како и косата, изгледа неуредно.

„Запоставен“ изглед: Како што напоменавме, овие мажи изгледаат како да не се грижат за својот изглед. Односно, изгледаат како да го облекле првото нешто од гардероберот, но сепак изгледаат привлечно.

shto-se-lamberseksualci-i-koi-mazhi-spagjaat-vo-ovaa-kategorija-03.jpg

Тетоважи: И тетоважите се чест „додаток“ кај мажите кои го преферираат овој стил.

Природа, ранец и очила: Бидејќи и самиот збор потекнува од „дрвосечач“, јасно е дека овие мажи ја сакаат природата, прошетките во шума и спортовите на отворено. Притоа, со нив секогаш имаат ранец, а неретко и очила.

На следната страница погледнете кои познати мажи спаѓаат во оваа категорија...



Би можело да ве интересира:

Тренд кај скијачите – што е „Après-Ski“, што треба да носите, а што не смее да правите? Моментот кога завршувате со скијање и се собирате со пријателите во бачило или б...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
14 мажи чии вештини за шиење и плетење заслужуваат медал Сите луѓе имаат некаков талент или хоби кое го усовршиле со текот на времето, а ...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg