Како спиете најчесто - со чорапи или боси (и што кажува тоа за вас)?
Некои луѓе не можат да заспијат ако чорапите не им се на нозете, затоа што им е ладно, додека другите не можат да заспијат со нив, затоа што им е жешко.
Но, изгледа дека овие навики немаат никаква врска со температурата во просторијата. Наместо тоа, се работи за состојбата на психата која е поврзана и со состојбата на телото.
Па, како спиете - со или без чорапи?
Луѓе кои спијат со чорапи
Некои луѓе спијат со чорапи затоа што навистина чувствуваат студ, иако не е студено во просторијата. Ова може да биде поврзано со различни физички аспекти, како што се дебелината на кожата и бавниот метаболизам. Но спиењето со чорапи е, исто така, и одраз на психата.
Луѓето кои во никој случај не можат да заспијат без чорапи на нозете обично имаат потреба да бидат заштитени, сакаат да престојуваат на удобни места и секогаш настојуваат да воспостават длабоки и интимни односи со другите.
По природа тие се нежни, а најсреќни се во нечија прегратка и не им пречи да го споделат својот личен простор со други луѓе.
Луѓе кои спијат боси
На овие луѓе спиењето со чорапи на нозете им создава непријатност и не можат да заспијат. Физички, ова може да биде знак за брз метаболизам, добра циркулација и подебела кожа. Но гледајќи ја нивната психа, тие се многу независни и се однесуваат заштитнички.
Нивниот личен простор им значи многу. Ќе се дружат со другите луѓе само кога се расположени, а не секогаш. Тие се многу искрени и ги привлекуваат предизвици. А, за луѓето за кои најмногу се грижат, ќе сторат буквално сé.
Ашера | Црнобело