Чудни хотелски услуги
Гостите се секогаш во право – најважно правило во туризмот. За секој гостин да биде среќен и задоволен, хотелите се подготвени да му овозможат...
...најразлични дури и бизарни услуги. Потребно ви е некој да ви го затопли креветот, да ви чита приказна или да брка гулаби? Што и да посакате – тој ќе направи.
Ова се некои од новите бизарни хотелски професии:
1. Грејач на кревет. Верувале или не, во лондонскиот хотел Holiday Inn Kensington Forum постои вработен кој ќе ви го затопли креветот. Не – тој не го прави со помош на јорган или греалки, туку лично легнува во креветот и го топли пред вие да сакате да спиете.
2. Истерувач на гулаби. Индискиот луксузен хотел Rambagh Palace плаќа двајца вработени кои во текот на целиот ден ги бркаат гулабите од терасите. Секако, без да ги повредат.
3. Читач на приказни за добра ноќ. Лондонскиот хотел Andaz нуди услуга да ви прочитаат приказна пред спиење. Постои и дрес код за вработениот – пижама.
4. Чистач на метални парички. Во хотелот Westin St. Francis во Сан Франциско сите парички се сјајни. Имено, од 1935 година постојат посебни вработени кои ги светнуваат сите парички во хотелот. До оваа идеја дошол тогашниот директор кој забележал дека белите ракавици на гостите се валкаат заради валканите парички.
5. Водич на патки. Во американскиот Peabody хотел во Мемфис има традиција – секојдневно шетање патки. Од 11 до 17 часот пред хотелот има црвен тепих на кој со водич шатаат патки околу фонтаната.
На видеото подолу можете да видите како изгледа оваа прошетка.