Познати милионери кои не сакаат луксуз и живеат „обичен“ живот

Рене Зелвегер

Како Тоби и повеќето на оваа листа, и Рене доаѓа од сиромашно семејство.

Актерката знае колку е тешко да се заработат пари – во младоста работела како келнерка и едвај сврзувала крај со крај. Ова има влијание врз неа и денес, па таа паметно управува со нејзиното богатство.

Ретко кога ќе ја видите Рене во многу скапа облека. Истовремено, актерката користела и попусти, а се обидувала и да користи што е можно помалку електрична енергија.

А, бидејќи е во можност, Рене донира голем дел од заработката во добротворни организации.

poznati-milioneri-koi-ne-sakaat-luksuz-i-zhiveat-obichen-zhivot-07.JPG

Сара Мишел Гелар

Сара е уште една актерка која не се срами од својата скромност. Заедно со сопругот, пак, донираат огромни суми во добротворни организации.

„Почнав да донирам бидејќи пред многу време, мајка ми ме научи дека дури и кога немаш ништо, има начин да дадеш нешто. Па, мислам дека ако потрошам малку пари за храна за гладните, светот ќе биде малку подобро место“, има изјавено актерката.

poznati-milioneri-koi-ne-sakaat-luksuz-i-zhiveat-obichen-zhivot-08.JPG

Бил Муреј

Бил има милиони на неговата сметка, но очигледно не сака да ги троши на автомобили и луксуз. Всушност, актерот нема ни агент – ако некој го сака за улога, мора да му се јави лично.

poznati-milioneri-koi-ne-sakaat-luksuz-i-zhiveat-obichen-zhivot-09.JPG

Роберт Патинсон

Роберт е еден од најпопуларните актери и навистина може да си дозволи сè. Но, тој го одбрал едноставниот живот. Ретко се појавува на холивудските забави и речиси никогаш не јаде во скапи ресторани.

Притоа, доколку сте во Лос Анџелес или Лондон, каде што актерот најчесто престојува, ништо чудно да го видите и во метро.

А, според фотографиите од папараците, Роберт не е фан ни на скапата облека.

poznati-milioneri-koi-ne-sakaat-luksuz-i-zhiveat-obichen-zhivot-10.JPG

Марк Закерберг

Иако Марк е помеѓу петте најбогати луѓе на планетата, тој и неговото семејство живеат навистина едноставен живот.

Марк претпочита да вози поевтини автомобили, а честопати е забележан и во маркетот Costco, кој е познат по ниските цени.

Интересно е што самиот има изјавено дека смета дека луѓето не би требало да имаат толку многу пари. Веројатно поради ова чувство на вина, тој донира голем дел од неговото богатство.

poznati-milioneri-koi-ne-sakaat-luksuz-i-zhiveat-obichen-zhivot-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg