Бидете свој психолог: Откријте го коренот на проблемот со неколку лични прашања

Кога сакате да го проверите физичкото здравје ги посетувате лекарите. Кога сакате да ја проверите состојбата на забите - одите на стоматолог. Но, како ја проверувате вашата ментална состојба и целокупната среќа во вашиот живот?

Bidete svoj psiholog postavete si gi ovie prasanja I otkrijte go korenot na problemot 01

Многумина не се одлучуваат за психолог или психијатар, затоа што мислат дека можат да го решат проблемот без нивна помош. Иако ништо не ја заменува професионалната помош, можете сами да ја проверите вашата психичка состојба.

Она што може да ви помогне е да си ги поставите овие прашања:

Какво е вашето расположение, колку сте среќни?

Да, животот знае да прими секакви насоки. Лошиот ден на работа, во комбинација со ненадејна криза како болно дете и проблеми со партнерот, можат да го направат денот ужасен.

Но, во целина, како се чувствувате во секојдневниот живот? На скала од 1-10, како би го оцениле просечниот ден? 

Ако е вашиот одговор под 5 или 6, има ли нешто што би ја поправило вашата дневна рутина? Што е потребно за да дојдете до 8 или 9?

Дали би сакале да го повторите овој ден? Зошто да и зошто не? Што ви недостасува? Што треба да направите за да бидете повеќе активни?

Дали имате тековни проблеми што ви го уништуваат животот и не можете да ги решите? Честопати страдате од хронични проблеми, физичка или психолошка болка, нерешени проблеми и слично? Што треба да направите за конечно да се ослободите од ова?

Bidete svoj psiholog postavete si gi ovie prasanja I otkrijte go korenot na problemot 02

Дали сте блиски со некого?

Ова не мора да биде партнер, бидејќи нема врска со сексот, иако некогаш може да има. Она што е важно е да имате врска со некој - партнер, пријател - со кој се чувствувате безбедно, со некој што ве познава, со којшто можете да разговарате.

Дали треба да направите нешто за да ги продлабочите односите и да создадете поинтимни односи?

Дали имате планови и цели што ви создаваат страст?

Што предвидувате за 3, 5, 10, 20 години од сега? За многумина од нас, ова е тешко прашање, затоа што секојдневниот живот е автоматско возење.

Во какви соништа за иднината треба да верувате и дали сакате да ги исполните?

Што е на вашата листа со желби?

Што сакате да избегнете за да не се каете подоцна? За разлика од секое друго суштество на планетата, имате избор. Дури и ако мислите дека немате контрола, дури и ако мислите дека вашите избори се ограничени, имате избор и секогаш можете да донесувате одлуки за себе.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Колку плата земаш? Бремена ли си? - 6 прашања кои учтивите луѓе никогаш не ги поставуваат Луѓето не се чувствуваат пријатно кога некој им ги поставува овие прашања. Лу...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg