Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тие се дар од Бога – значењето на имињата Тодор и Тодорка, во пресрет на именденот

Оваа сабота е Тодорова сабота (Тодорица), односно првата сабота од големите велигденски пости.

Znacenjeto-na-iminjata-Todor-i-Todorka-01.png

Тоа значи дека Тодор, Тодорка, Теодор, Тео, Тоше, Тоде, Божидар го прославуваат својот именден. Основното значење на името е „Дар од Бога“. Ова е име со грчко потекло од зборовите „theos“ - Бог и „doron“ - дар.

Луѓето кои ги носат овие имиња се темпераментни, мошне креативни, компетентни во работата. Честопати ги следи среќа, дури и покрај малата несмасност. Тие се дарежливи, имаат добро срце и секогаш подготвени да помогнат некому, дури и на сосема непознати луѓе.

Во народната традиција родителите честопати им го давале ова име на долгоочекуваното бебе во семејството, вистински дар од Бога.

Кому ќе му честитате именден денеска? Кој е вашиот „подарок од Господ“ во животот?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Фотки што ќе ве разгневат – Луѓе кои живеат со „цимер од пеколот“ Не си ги мие садовите, не ги фрла кутиите од пица, чека некој друг да му ја собе...
Австралијанка со шминка се трансформира во светските ѕвезди (видео) Од Леонардо ди Каприо преку Хери Стајлс, со Зек Ефрон - Евелин Коста прави невер...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg