Психолошки трикови со кои лесно ќе го „прочитате“ говорот на телото на соговорникот
Кога разговараме со некој, само 30% од информациите ги добиваме од кажаните зборови.
Сè останато ѝ се припишува на невербалната комуникација, односно на тонот на гласот, движењето на очите, изразите на лицето и слично.
Токму поради ова, ако добро знаете кое движење или која реакција означува што, лесно ќе го прочитате секој ваш соговорник.
Погледнете го краткиот водич кој ќе ви помогне да го „прочитате“ лицето на речиси секој:
Веѓи
- Кренатите и извиени веѓи покажуваат дека личноста е изненадена. Колку е поизненадена личноста, толку повисоко ќе ги крене веѓите. Истовремено, кревањето на веѓите може да означува отвореност и привлечност кон вас.
- Спуштените и споени веѓи најчесто се знак за гнев. По правило, меѓу веѓите се појавуваат и вертикални брчки.
- Кренатите внатрешни краеви на веѓите означуваат тага.
Очи
- Гледањето горе десно може да покажува дека личноста се обидува да ја користи својата имагинација, или дека лаже.
- Гледањето горе лево покажува дека личноста се обидува да се присети на нешто.
- Гледањето надолу може да биде знак на засраменост, нервоза или ниска самодоверба. Понекогаш, гледањето надолу покажува и чувство на вина.
- Ако личноста гледа лево-десно наизменично, најверојатно се чувствува нервозно или непријатно во ваше друштво.
- Проширените зеници обично покажуваат дека соговорникот е заинтересиран, па можеби дури и вљубен во вас.
- Ако зениците на соговорникот се видно намалени, тоа значи дека тој е гневен.
- Благото затворање на очите, така што на нивните краеви се појавуваат мали брчки, покажува дека насмевката на соговорникот е искрена. Воглавно, овој израз означува радост и среќа.