Сте добиле користен подарок?

ste-dobile-koristen-podarok-povekjeМногумина откако добиле подарок, кој не им се допаднал, подоцна истиот му го подариле на друг. Велат дека подарок не треба да се даде никому...

 

...но ако вам не ви користи, па ќе си кажете – зошто да не?

Сепак, ова се неколку примери кои ќе ви појаснат зошто да бидете внимателни при подарување:

ste-dobile-koristen-podarok

Еден пар како свадбен подарок добил миксер. Во ред, миксерот е корисна работа и не добиле десет миксери, туку еден.

Меѓутоа кога го отвориле миксерот и сакале да го употребат, на него откриле траги од претходно миксирана храна - миксерот не само што претходно бил користен, туку не бил ни измиен.

Непотребно е да се каже колку биле младенците непријатно изненадени, а и згрозени.

Во 2008 година, на еден брачен пар им се родила ќеркичка, а за подарок добиле и украс за елка на кој пишувало „Прва нова година на бебето“.

Подарокот навистина им се допаднал, како нешто досетливо се додека не го завртиле украсот и виделе дека на опачината пишува 2002 година. Украсот никогаш не го ставиле на елка.

Кога една девојка се мажела, за подарок од роднини добила сервис за ручање. Всушност добила пет такви сервиси, дефинитивно повеќе отколку што и требаат.

Кога ја отворила кутијата, внатре видела честитка упатена до роднината, односно, подарокот и бил даден за свадба па не бил ни отворен туку сосе честитка однесен на другата свадба. Во меѓувреме другите четири сервиси ги подарила, за среќа не го подарила и овој.

Една девојка, кога била во посета на роднини, за подарок добила бонбњера. Таа бонбњера одлично ја запомнила, бидејки минатата година му ја подарила на некој роднина, од истиот крај, а на неа сеуште била украсната хартија со која ја завиткала. Бидејќи рокот веќе и бил истечен, веднаш ја фрлила.

Дали и вие можеби сте имале некое вакво искуство?

Би можело да ве интересира:

100-те најчитани статии на CRNOBELO во 2023 Интервјуа, животни битки на наши сограѓани, запросувања и свадби, совети, новост...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Идеи за тетоважи во спомен на изгубените сакани личности во вашиот живот Тетоважа која симболизира абортус, починат родител, баба и дедо или сопружник - ...
Докази дека жените поседуваат супер моќи, низ (смешни) илустрации Смешни илустрации кои ќе ве натераат да помислите дека жените навистина имаат су...
7 знаци дека сами на себеси си вршите булинг и како да си помогнете (низ илустрации) Најчесто се зборува за насилството што го трпиме од другите, а често не сме ниту...
5 чести грешки што треба да ги имате предвид пред да се тетовирате Добро размислете која големина најмногу ќе ви одговара на вашата тетоважа, а ако...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg