Необични трикови за здравје и убавина кои вреди да се пробаат

Чај од ѓумбир после вежбање

Ако сте вежбале барем еднаш во животот, ја знаете болката што е неизбежна следниот ден. Но, благодарение на антивоспалителните својства на ѓумбирот, тој е одличен во оваа ситуација.

Сè што треба да направите е да исечкате корен од ѓумбир и да го варите 10-15 минути. Во текот на денот испијте 2-3 чаши и следниот ден болката ќе биде значително послаба.

neobichni-trikovi-za-zdraje-i-ubavina-shto-navistina-funkcioniraat-07.jpg

Избелување на ноктите со масло од оригано

Одвреме-навреме, ноктите добиваат жолта нијанса, без разлика дали е од лакови за нокти или бактериска инфекција.

Ако се соочувате со овој проблем, од корист ќе ви биде маслото од оригано.

Ова масло ги убива и го спречува размножувањето на бактериските инфекции кои можат да предизвикаат пожолтување на ноктите.

Нанесувајте го маслото на ноктите двапати дневно – еднаш наутро и еднаш пред спиење.

neobichni-trikovi-za-zdraje-i-ubavina-shto-navistina-funkcioniraat-08.jpg

Кокосово масло во кафето

За да го направите утринското кафе навистина здрав пијалак, во него додајте пола лажичка кокосово масло.

На овој начин ќе го стабилизирате нивото на шеќер во крвта, но и ќе ја подобрите работата на имунитетот.

За кокосовото масло е познато дека има многу здравствени придобивки, а уште подобро е ако го користите како замена за шеќер во кафето.

neobichni-trikovi-za-zdraje-i-ubavina-shto-navistina-funkcioniraat-09.jpg

Повеќе хранливи материи со замрзнати овошје и зеленчук

За да бидете во најдобра форма, неопходно е да внесувате разни хранливи материи. Можеби ќе се изненадите, но се покажало дека замрзнатите овошје и зеленчук имаат поголема хранлива вредност од свежите.

За разлика од свежите, на кои им требало неколку денови да стигнат до вашата трпеза, замрзнатите овошје и зеленчук се како тогаш набрани. Односно, хранливите материи се замрзнати во нив.

Покрај тоа, замрзнатите намирници траат подолго, па поретко ќе фрлате расипана храна.

neobichni-trikovi-za-zdraje-i-ubavina-shto-navistina-funkcioniraat-10.jpg

Секојдневни предмети за масажа

Кога сакате масажа, но немате време или пари да одите во салон, можете да се масирате и самите.

Најпрво, можете да ги масирате нозете со сукало. На овој начин ќе ја намалите болката и ќе го подобрите дотокот на крв.

Со тениско топче, пак, можете да ги масирате вашите стапала. Можете да го масирате и грбот, така што ќе се потпрете на ѕид.

Всушност, за масирање на грбот подобро е да користите две топчиња, што ќе ги поставите од двете страни на ’рбетот. Држете ги во место така што ќе се навалите на ѕид, а масирајте се движејќи се горе-долу.

neobichni-trikovi-za-zdraje-i-ubavina-shto-navistina-funkcioniraat-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Породување, камен во бубрег: Најсилни болки кои може да ги почувствува човекот Фрактурата на пенисот, позната и како „најлошиот кошмар на секој маж“ ...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg