Необични трикови за здравје и убавина кои вреди да се пробаат
Нашето тело има повеќе микроорганизми, како бактерии и габи, отколку што има ѕвезди во Млечниот пат. Нивната задача е да го одржуваат нашето тело во најдобра форма.
Но понекогаш, треба да им помогнеме и да го зголемиме нивниот број, или да му помогнеме на телото да се ослободи од штетните микроби и токсини.
Во некои ситуации обичните совети што ги знаеме не помагаат, па можеби е време да пробате нешто ново, иако звучи чудно и необично.
Во продолжение погледнете неколку необични совети што ќе ви помогнат да се чувствувате и да изгледате одлично:
Корејски трик за блескава кожа
Овој необичен трик, познат како „jamsu“, потекнува од Кореја. Наводно, ако го потопите лицето во студена вода, шминката ќе ви трае подолго и ќе има мат финиш.
Откако ќе нанесете пудра, коректор и прајмер, на лицето ставете и бебешка пудра. Потоа потопете го во сад со студена вода и држете го лицето под вода 15-30 секунди.
Не само што оваа техника ќе го „матира“ лицето, туку и вашата кожа ќе изгледа многу поздраво.
Звучи чудно, па немојте да го пробувате пред да одите некаде, направете прво пробен тест дали навистина функционира, иако многумина го пробале и се задоволни од овој трик.
Антиперспирант во стик против убоди од комарци
Овој чуден трик ќе ви помогне да го намалите чешањето од убодите од комарци. Иако нема да ги спречи убодите, барем ќе го ублажи чешањето.
Сè што треба да направите е да нанесете малку антиперспирант во форма на стик на каснатото место. Отокот и болката веднаш ќе се намалат, а поради алуминиум хлоридот во стикот, ќе се намали и чешањето.
Купка за нозе од оцет и вода
Непријатниот мирис на стапалата е чест проблем, независно дали во лето кога нозете се потат или во зима кога стапалата се „спурени“ во чорапи и чизми. Причината се габите кои се наоѓаат на стапалата и на кои им годи влажната околина.
Доколку го имате овој проблем, можете да се ослободите од мирисот со купка од оцет и вода, во однос 1:2. Потопете ги стапалата 20-тина минути и веднаш ќе го намалите бројот на габи што предизвикуваат непријатен мирис.
Во зависност од интензитетот на вашиот проблем, можете да си ја правите купката еднаш дневно или еднаш неделно.
Само бидете внимателни – ако имате какви било рани на стапалата, немојте да ја правите купката.
Сода бикарбона за грешки со лосионите за самопотемнување
Многу е лесно да погрешите со лосионот за самопотемнување и да си направите кафеави дамки.
Но, има решение и за ова.
Измешајте вода и сода бикарбона и направете паста. Потоа нанесете ја пастата на деловите што сакате да ги осветлите.
Бидејќи тенот од лосионот за самопотемнување е на горниот слој од кожата, овој пилинг лесно ќе го отстрани.
Гел за коса од ленено семе
Секој има денови кога косата му е непослушна. Во тие денови ќе ви се најде овој гел од ленено семе.
Бидејќи е богат со витамин Б, магнезиум и омега 3 масни киселини, гелот од ленено семе ќе направи вашите локни да изгледаат беспрекорно.
Најпрво варете го лененото семе околу 10 минути. Би требало да добиете смеса која наликува на гел. Потоа само прецедете го гелот со цедалка, а ако ви изгледа премногу густ, додајте уште малку жешка вода во садот со семето.
Нанесете го гелот на влажна коса после туширање, и масирајте го вашиот скалп.
Ова е одличен третман за сите видови коса, бидејќи ѝ дава сјај и волумен.