За што сѐ можете да го користите лимонот?
Се надеваме дека го сакате лимонот и дека го користите во вашата секојдневна исхрана и подготовка на пијалаци.
Меѓутоа, ако сакате да експериментирате и да пробувате работи на поинаков начин, тогаш ова овошје може да ви послужи како одличен пример.
Всушност, ќе се изненадите кога ќе дознаете за што сé можете да го користите лимонот:
Здравје
Поради нејзините состојки, можете да ја користите кората од лимон за да се ослбоодите од инсектите во домот. Едноставно, поставете ја таму каде што се собираат најмногу инсекти.
Можете да го користите лимонот и кога ве боли грлото - измешајте неколку капки лимонов сок, вода и малку сол. На овој начин можете да ја подобрите и свежината на вашиот здив.
Лимонот се користи и во ароматерапијата, бидејќи се верува дека неговата арома го подобрува расположението.
Убавина
Ако сакате природни прамени, користете го овој стар, испробан трик. Пред да излезете на сонце, испрскајте ја косата со сок од лимон, оставете го да отстои 30 минути, а потоа исплакнете.
За луѓето кои сакаат темелно да го исчистат лицето, лимонот, покрај водата, може да игра голема улога. Наместо класичен тоник, користете мешавина од сода бикарбона и лимон.
Чистење
За да ги исчистите тенџерињата и тавите, наполнете ги со вода и додајте сок од лимон. Покрај тоа, можете да му го вратите сјајот на приборот за јадење ако го исчистите со крпа и лимонов сок.
Кога станува збор за облека, натопете ги белите чорапи во врела вода во која треба да додадете и парчиња лимон.
Можете да ги отстраните гребнатините од мебелот со мешање сок од лимон и маслиново масло во сооднос 1:2.
Готвење
Ако не сакате вашиот ориз да биде како гума, додајте неколку капки лимон во водата во која се вари.
За да бидете сигурни дека добро сте ги исчистиле овошјето и зеленчукот, измешајте една лажица сок од лимон, 2 лажици оцет и една чаша вода и испрскајте ја храната.
Ашера | Црнобело