Вистински пријател: сошил матурски фустан за партнерката која немала доволно пари (фото)

Многу девојчиња имаат желба да изгледаат како вистински принцези на нивната матурска вечер. 

vistinski-prijatel-sosil-maturski-fustan-za-partnerkata-koja-nemala-dovolno-pari-01.jpg

Долг фустан во стилот на Пепелашка, светки и уште илјадници други барања кои на крајот ќе чинат една плата.

Ваков бил случајот и со овие двајца најдобри пријатели. Паркер Смит е вистински пријател кој за почеток, одвоил време да оди во потрага по идеален фустан за неговата пријателка и партнерка Адриана Раст.

Да, го пронашле она што таа имала замислено, но им се свртело во глава од цената. Таа на шега му рекла на Паркер тој да ѝ го изработи фустанот, на што и двајцата слатко се смееле.

Но, Паркер, како вистински пријател, си ја сфатил оваа задача сериозно и се фатил за работа. Тој сакал неговата пријателка навистина да се чувствува како вистинска Пепелашка на матурската вечер.

vistinski-prijatel-sosil-maturski-fustan-za-partnerkata-koja-nemala-dovolno-pari04.jpg

Паркер направил скица на фустанот и почнал да учи како се шие.

vistinski-prijatel-sosil-maturski-fustan-za-partnerkata-koja-nemala-dovolno-pari05.jpg

Неговата баба му била најголема помош, но тој признава дека одредени делови од фустанот ги прекројувале неколкупати за да бидат сигурни дека изгледа совршено.

vistinski-prijatel-sosil-maturski-fustan-za-partnerkata-koja-nemala-dovolno-pari01.jpg

„Јас сум перфекционист, додавав повеќе „камчиња“ дури и вечерта пред настанот“ – изјавил Паркер.

vistinski-prijatel-sosil-maturski-fustan-za-partnerkata-koja-nemala-dovolno-pari03.jpg

Тој е навистина горд што неговото прво сошиено парче ја воодушевило неговата пријателка.

vistinski-prijatel-sosil-maturski-fustan-za-partnerkata-koja-nemala-dovolno-pari-06.jpg

Би било супер кога сите би имале вака добродушни пријатели, нели?

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg