Прва сауна во трамвај
Ако сакате да ги задржите клиентите и да привлечете нови, морате навистина да бидете креативни и иновативни. Добриот глас надалеку се слуша, а за...
...убавите доживувања се зборува наголемо. Ова го знаат и во миланскиот јавен превоз. Трамвај кој не е во функција е претворен во сауна.
За жал, овој трамвај веќе не превезува патници. Сместен е во еден спа центар во Милано, а сепак ги има задржано сите обележја на градското превозно средство.
Визуелно е идентичен со класичен трамвај, а единствена разлика лежи во внатрешноста која има повеќе дрва и е многу потопла од оригиналот.
Верувале или не, трамвајот во потполност одговара на критериумите на сауната.
Дизајнерите сакале да покажат и докажат дека градскиот превоз не мора да биде фрустрирачки и стресен.