5 навики што ви се потребни во новата година (за да си го подобрите животот)
Повеќе читање, но и повеќе време само за себе - кои други навики драстично ќе ви го подобрат животот во новата година?
Со доаѓањето на новата година, имаме тенденција да правиме големи планови кои вклучуваат слабеење, драстична промена на начинот на животот и слични нешта што обично завршуваат неславно, уште во првите денови на јануари.
Наместо тоа, треба да направиме планови кои вклучуваат постепена промена. Ова, со текот на времето, ќе ги донесе поголемите промени што ги посакуваме.
Овие пет навики секој од нас може (и треба) да ги внесе во својот живот:
1. Повеќе читање
Не постои навика што може да ни донесе повеќе промени отколку читањето. Не само што читањето го збогатува нашиот вокабулар и ги развива нашите когнитивни способности, туку ни овозможува да влеземе во друг свет и ни ја развива емпатијата.
Кога посегнувате по книги, не треба да читате само фикција. Изберете го она што ве интересира: книги за самопомош, книги за историја, прирачници за учење нови вештини...
2. Повеќе благодарност
Она што на многумина ни недостасува е свест дека мора да бидеме благодарни за она што го имаме.
Се разбира, секогаш се стремиме кон подобро и поголемо, но ако не го препознаеме она што веќе сме го постигнале, не можеме да очекуваме дека ќе чувствуваме гордост и среќа штом ќе достигнеме некоја поголема цел.
Не станува збор само за успеси во кариерата, туку и за меѓучовечки односи, љубов и за работа на себе.
3. Подобра организација
Колку што е добро да се биде спонтан, потребно е и да се планираат работите.
Запрашајте се што би сакале да постигнете во новата година, запишете ги вашите планови, а потоа разложете ги на помали чекори.
Откако ќе имате план, веќе ќе бидете на половина пат до целта.
4. Ставање себеси на прво место
За да бидеме успешни и среќни, мора да се ставиме себеси на прво место. Како можат другите да нè сакаат, ако не се сакаме себеси?
Колку и да звучи ова како дел од излитена книга за самопомош, факт е дека тоа е нешто што навистина има голем ефект врз нас и луѓето околу нас.
5. Почесто користење на зборот „Не“
Многумина од нас имаат голем проблем да кажат „Не“, затоа честопати неволно се согласуваме да излеземе на кафе кога навистина не сакаме да одиме и слично.
Доколку секогаш даваме само потврдни одговори на сè што се бара од нас, истото може да доведе до исцрпеност и опасно нарушување на нашето ментално здравје.
Ашера | Црнобело