Најважните животни лекции што можете да ги научите од децата
Не е точно дека мудроста доаѓа само со годините. Децата имаат малку животно искуство, но нивниот поглед кон светот може да ве научи на многу.
Можеби поголемиот дел од времето децата само викаат и прават неред, но понекогаш, нивните искрени изјави се вистински животни лекции.
Погледнете што сè можете да научите од децата:
Имагинацијата е нешто неверојатно
Староста е неизбежна, но тоа не значи дека треба да го запоставите вашето внатрешно дете.
Не дозволувајте годините да ве направат здодевна личност. Активирајте ја и користете ја вашата имагинација што е можно почесто.
Парите немаат некое големо значење
Децата ќе ви „направат муабет“ и ќе се смеат со вас без разлика дали сте богати или не.
Нив не им е грижа колку пари имаат нивните или родителите на пријателите. Штом имаат доволно за да не бидат гладни, за другото не им е грижа.
Понекогаш треба само да одморите и да си пуштите филм
Неретко, животот ќе ви стане вистински хаос. Во овие моменти, едноставно заборавете на сè, затворете се во домот и уживајте во некој филм.
Сè може да биде луксузен фустан
Детската игра е навистина неверојатна. Децата можат да го пропатуваат светот без да ја напуштат собата и секое парче облека може да биде луксузно. Сè што треба да направите е да ја искористите вашата фантазија и вистински да верувате во тоа.
Почитта е двонасочна улица
Не можете да очекувате некој да ве почитува ако не му враќате со иста мера. Почитта нема цена и треба да ја заработите.
Свежиот воздух и тревата се најевтината и најчистата забава што ќе ја најдете
Трчајте, качувајте се на дрвјата, пливајте и почувствувајте го песокот помеѓу вашите нозе. Не плашете се од морските алги, изгребаните колена и валканата облека. Живеете само еднаш.
Некогаш ви е потребно само некој да ве држи за рака
Понекогаш, сè што ви е потребно е некој да ве фати за рака и да ви каже дека сè ќе биде во ред. Толку е едноставно.
Не се потресувајте за ситници
Нема потреба да се грижите за нештата надвор од ваша контрола. Истовремено, обрнете им повеќе внимание на искуствата, а не на материјалните нешта.
Спирова С. | Црнобело