Листа со 20 новогодишни резолуции кои треба да се обидете да ги остварите
Новогодишните прослави поминаа, па време е да „седнеме настрана“, да си го разбистриме умот и да размислиме кои се нашите цели за оваа година.
Сега е вистинско време да седнеме и да подготвиме список со нашите цели за оваа година, почнувајќи од што сакаме да промениме кај нас, па сè до нови работи кои сакаме да почнеме да ги практикуваме.
Проблемот во овие новогодишни резолуции е тоа што најчесто си поставуваме нереални цели за кои и самите сме свесни дека нема да ги исполниме.
Затоа најдобро е кога ги правите овие списоци да мислите на вашиот буџет, можностите, вашите способности и околината во која се наоѓате.
Погледнете некои наши идеи кои може да ги додадете во вашата листа со новогодишни резолуции:
- Месечно одвојувајте по некоја пара „настрана“ за при крајот на годината да отидете на некое патување за кое мечтаете веќе подолго време.
- Читајте повеќе книги.
- Бидете „храбри“ во исхраната и испробувајте повеќе нови зачини и повеќе нови специјалитети од различни кујни.
- Хранете се поздраво и престанете да пушите цигари доколку сте пушач.
- Засадете некое цвеќенце и одгледувајте го со многу љубов во текот на целата година.
- Бидете повеќе физички активни.
- Запознајте се со јогата и медитирањето како опција за внатрешен мир.
- Пијте повеќе вода.
- Започнете некое ново хоби кое сте го немале до сега.
- Донирајте ја старата облека која не планирате веќе да ја носите и оваа година волонтирајте во некој проект барем еднаш.
- Грижете се повеќе за самите себе, а помалку трудете се да ги задоволувате другите.
- Здравиот и цврст сон ставете го на прво место и не си дозволувајте да поминете ноќ без преспиени најмалку 8 часа.
- Дозволете си „луксуз“ и поминете неколку дена без телефонот и социјалните мрежи.
- Бидете повеќе љубезни кон луѓето и помагајте без да барате нешто за возврат.
- Изградете повисок степен на самоувереност и не дозволувајте никој да ви застане на патот кон остварувањето на вашите цели.
- Поминувајте повеќе време со луѓето на кои им значите и ви го покажале тоа, а помалку со оние кои само ве бараат кога се во неволја и им треба ваша помош.
- Отидете и посетете барем едно место на кое не сте биле пред тоа.
- Научете и истражете повеќе за нечија култура, музика, уметност и слично.
- Сретнете се „очи во очи“ со вашите стравови и несигурности и покажете им дека сте посилни од нив.
- Смејте се повеќе, уживајте во животот, танцувајте, пејте, радувајте се и не се грижете премногу за проблемите кои ги имате затоа што секогаш постои надеж за подобро утре.
Т. Ѓ. | Црнобело