Како го нарекуваат Дедо Мраз и кое е значењето во различни земји низ светот?

Со новогодишните и божиќните празници доаѓаат и приказните за славниот Дедо Мраз кој им носи подароци на добрите деца. Постои нешто убаво во таа бајка во која верувавме уште од детствoто, иако нашите родители секогаш биле актери во црвен костим. 

Znaete li kako go narekuvaat Dedo Mraz niz celiot svet 01

Речиси и да нема земја која не ги слави новогодишните празници со приказни за Дедо Мраз и неговите подароци. Овој мит се спротивставува на забот на времето и модерниот животен стил.

Иако новогодишната еуфорија можеби помина, сепак може да ве интересира вас и децата како го нарекуваат Дедо Мраз низ целиот свет:

Холандија – Sinterklaas

Холанѓаните го слават Свети Никола уште од 11 век, кој на нивниот јазик се нарекува Sinterklaas. Тој бил епископ и заштитник на децата и морнарите, а живеел во 4-ти век.

Кога Холанѓаните имигрирале во Соединетите Држави, продолжиле да ги одржуваат своите обичаи и традиции. Една од нив е приказната за Свети Никола, кој секоја година пристигнува со брод од Шпанија на 5 декември, оставајќи подароци.

Латинска Америка - Papá Noel  

Шпанија, како и земјите од Латинска Америка што зборуваат шпански, односно Мексико, Аргентина и Перу, исто така го слават Дедо Мраз. Неговото име е Papá Noel и потекнува од Америка.

Znaete li kako go narekuvaat Dedo Mraz niz celiot svet 02

Кина - Dun Che Lao Ren

Омилените легенди за Дедо Мраз не се застапени само на Запад. Имено, во Кина има една група жители кои го слават Божиќ, што го нарекуваат Sheng Dan Jieh, или Фестивал на светото раѓање.

Вообичаено е децата да закачат чорапи со надеж дека ќе добијат подарок. Понекогаш Дедо Мраз го нарекуваат Khoong, што би го превелеле како Добриот стар дедо.

Русија - Ded Moroz

Се верува дека ова име потекнува од паганскиот демон на мразот наречен Morozko, кој бил познат по тоа што ги замрзнувал своите непријатели и ги киднапирал децата. Со текот на времето се претворил во нежен карактер на Дедо Мраз, кој им дава подароци на децата.

Сепак, рускиот Дедо Мраз не личи на никој друг, бидејќи носи сина облека и ги посетува домовите за Нова година, а не Бадник. Покрај тоа, тој не вози санки, туку јава коњ, а му помага и неговата внука, принцезата Snegurochka.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg