Време е за промена: 7 знаци дека го трошите животот на погрешни работи
Секој има своја претстава за значаен и исполнет живот, но постојат некои вообичаени верувања како животот не би требало да се живее.
Откријте кои 7 знаци откриваат дека го трошите вашиот живот и го губите вашето време на погрешни работи:
1. Често приговарате
Дали често се жалите на вашата работа, вашиот шеф, вашата плата, соседите или партнерот? Ако вашиот одговор е „да“, тогаш најголемиот дел од времето ширите негативна енергија, а негативноста нема да промени ништо.
Сменете го вашиот начин на размислување и зборувајте повеќе за она за што сте благодарни во животот, а не за она што не ви се допаѓа.
2. Не го храните вашиот ум
Ако не се развивате како личност и не учите нови работи, тоа значи дека стоите во место, како мирно езеро на кое се формира зелен талог. Слично нешто му се случува и на нашиот ум ако не го активираме со нови работи.
3. Честопати зборувате негативно за себе
Без разлика дали мислите дека можете или мислите дека не можете - во право сте во двата случаи, мудро рече Хенри Форд.
Ако си кажете дека не сте доволно паметни за да напредувате на работното место ќе бидете во право.
Ако си речете дека сте премногу уморни за да го промените животот, имате право. Она што си го велите самите на себе станува ваша реалност. Затоа бирајте внимателно.
4. Не ја планирате иднината
Секогаш е најдобро да се живее во сегашноста, но понекогаш треба да размислувате за иднината за да сфатите каде одите. Ако немате цел или план, тогаш сте како брод што бесцелно плови покрај океанот со надеж дека ќе заврши на некое добро место.
5. Поминувате премногу време со луѓе кои не придонесуваат за вашиот развој
Лесно можеме да се заглавиме со луѓе кои не прават да бидеме подобра личност. Ако поминувате премногу време со такви луѓе, ќе стагнирате или ќе ве повлечат надолу.
Овие луѓе се нарекуваат енергетски вампири. Тие го цицаат животот од вас, а за возврат не ви даваат ништо позитивно.
6. Зависите од вашиот мобилен телефон
Колку време трошите на вашиот мобилен телефон и колку таа зависност влијае на вашите односи со другите луѓе? Можеби испраќате пораки или сурфате на интернет додека ручате со партнерот или пријателите.
Ако го правите постојано ова - го пропуштате времето што можете да го поминете со најблиските или времето што би можеле да го посветите на планирање на иднината.
7. Ги трошите парите на неважни работи
Постои разлика помеѓу потребата и желбата, но современото општество сè повеќе ја брише таа разлика. Многу луѓе трошат пари на најновите технолошки уреди, автомобили и слично, поради што се заглавени во долгови или немаат доволно пари за основните животни потреби.
Ако размислите ќе сфатите дека ни се потребни малку работи - храна, вода, покрив над глава и љубов. Сè друго е само бонус. Затоа, размислете за што ги трошите парите и дали можете да направите некои промени.
Ашера | Црнобело