Патот кон подобриот „јас“ - негативни мисли од кои треба да се ослободите

Нашиот ум има неверојатна моќ да влијае на сите аспекти во нашите животи. Она што го мислиме за себе и за работите што нè опкружуваат го обликува нашиот секојдневен живот. 

Patot kon podobriot jas resete se od ovie negativni misli 01

Така некои мисли можат да нè поттикнат да дејствуваме и да работиме на себе, а некои можат значително да го попречат нашиот успех.

Токму затоа треба да се потрудиме да ги исфрлиме овие негативни мисли од главата еднаш засекогаш.

Се плашам од неуспех

Секој успех крие голем број непроспиени ноќи, солзи и пот. Нормално е да се чувствува страв од непознатото, што е и наш одбранбен механизам, но доколку не започнеме да работиме на нашите желби и соништа само затоа што се плашиме од неуспех никогаш нема да успееме.

Истото може да се реплицира во сите сфери на животот, не само на работата, туку и на љубовта, здравјето, пријателствата и семејните односи.

Наместо да размислувате дека нема да успеете фокусирајте се на позитивните работи. Па што ако планот А не успее? За среќа, азбуката има доволно други букви.

Не вредам

Како што социјалните мрежи стануваат популарни, така стана очигледно дека сé повеќе луѓето се споредуваат со другите. Немајќи совршени фотографии на Инстаграм кои прикажуваат филтрирани животни моменти, луѓето честопати веруваат дека се помалку вредни од другите.

Тие се убедени дека не вредат доколку не се во можност да стапат во брак до одредени години, доколку не можат да се реализираат како мајки, доколку немаат традиционален пат во кариерата, доколку немаат многу пријатели...

Треба да бидеме свесни колку вредиме, треба да бидеме горди на нашите најмали достигнувања и да продолжиме понатаму. На крајот на краиштата, совршени животи не постојат. Би се изненадиле кога би ги дознале вистинските приказни зад фотографиите на Инстаграм.

Patot kon podobriot jas resete se od ovie negativni misli 02

Да, но...

Како луѓе сме често склони да бараме изговори, особено кога не сме во состојба да сториме нешто или кога се плашиме. Ова „но“ честопати нè наведува да ги анализираме сите можни сценарија што можат да тргнат наопаку, што има големо влијание врз нашите животи.

Тој/Таа е виновен за тоа

Многумина од нас имаат рани од минатото поради кои имаме тенденција да ги обвинуваме другите за нашите избори. Можеби имавме големи семејни драми, па веруваме дека би имале многу подобар живот ако не ги слушавме советите на нашите родители.

Но сите во нивните животи треба да престанат да ги обвинуваат другите за своите избори. Сега кога сме возрасни, не можеме и не смееме да зависиме од туѓите планови. Секој е одговорен за наоѓање на сопствената среќа, а обвинувањето на другите за досега несреќниот период нема да му помогне на никој.

Камо да постапував поинаку

Не можеме да го промениме минатото. Ако можевме, многумина од нас би избрале различен факултет, различни реакции во одредени ситуации, луѓе со кои се дружиме... Но историјата е учителот на животот.

Што се случило не можеме да го промениме, но затоа можеме да го промениме понатамошниот тек на работите.

На пример, ако сме незадоволни од нивото на образованието (или насоката на факултетот), секогаш можеме да се запишеме на нов факултет и полека да почнеме да работиме на себе. Ако сме незадоволни од ситуациите со неодамна блиските пријатели, секогаш можеме да го направиме првиот чекор и повторно да им пристапиме.

Patot kon podobriot jas resete se od ovie negativni misli 03

Нема смисла да жалиме за она што можело да биде. Сè што ни останува е сегашната реакција.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg