Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 скулптури ширум светот кои кријат трогателни приказни

Секое уметничко дело си има своја приказна и крие некоја порака.

6-skulpturi-shirum-svetot-koi-krijat-srceparatelni-prikazni-01.jpg

Преку своите дела, уметниците ги изразуваат нивните чувства, се обидуваат да ни раскажат некоја приказна, а понекогаш ги посветуваат нивните слики у скулптури на некоја личност или настан.

А неретко, приказната што се крие зад уметничките дела е навистина трогателна.

Постојат многу скулптури чија приказна е тажна, а симболиката на следниве сигурно ќе ви ги насолзи очите:

Нело и Патраш

Пред Богородичната катедрала во Антверпен, Белгија се наоѓа скулптура од момче кое спие со своето куче под „прекривка“ од камења.

На прв поглед, скулптурата изгледа навистина слатко, но приказната што ја крие е далеку од убава.

Момчето претставено со скулптурата е Нело, а тој и неговото куче Патраш се главните јунаци во приказна од 19-тиот век.

Според приказната, животот на Нело бил навистина тежок. Детето се борело со сиромаштија и глад, а на крајот и умрело. Малото момче смрзнало од студ и починало додека го прегрнувало неговиот најдобар пријател - кучето Патраш.

6-skulpturi-shium-svetot-koi-krijat-trogatelni-prikazni-02.jpg

Пиштол со јазол

Пред седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, се наоѓа скулптура од револвер чија цевка е заврзана во јазол.

Скулптурата е позната под името „Ненасилство“ и е дело на уметникот Карл Фредерик Рутерсвард.

Ова бронзено уметничко дело е направено во чест на пејачот и пријател на Карл, Џон Ленон, кој беше убиен од обожавател пред неговиот дом.

6-skulpturi-shium-svetot-koi-krijat-trogatelni-prikazni-03.jpg

Љубов

Burning Man e фестивал на која секоја година се изложуваат стотици уметнички инсталации. Но, една од најдобрите е делото на украинскиот скулптор Александар Милов.

Скулптурата прикажува двајца возрасни свртени со грб, додека нивните „внатрешни деца“ се држат за рака.

Ова уметничко дело може да се толкува на неколку начини. Некои сметаат дека возрасните претставуваат разведени родители, а децата се еден вид жртви од разводот.

Некои, пак, веруваат дека скулптурата претставува двајца вљубени, чие его не им дозволува да ги решат проблемите помеѓу нив.

Постои верување и дека скулптурата прикажува возрасни луѓе кои го изгубиле своето детство.

6-skulpturi-shium-svetot-koi-krijat-trogatelni-prikazni-04.jpg

Чевли на брегот на Дунав

За време на Втората светска војна, Евреите биле терани да застанат покрај реката, за потоа да бидат застрелани.

Во чест на страдањето на овие луѓе, на брегот на Дунав има скулптура што ги претставува чевлите на 3.500 Евреи убиени покрај реката.

Скулптурата се наоѓа во Будимпешта во Унгарија.

6-skulpturi-shium-svetot-koi-krijat-trogatelni-prikazni-05.jpg

Хачико

Во Токио можете да ја видите големата статуа направена во чест на кучето Хачико.

За многумина, ова е само обична скулптура од куче, но оние кои ја знаат приказната се свесни за нејзиното значење.

Хачико е куче што го чувал универзитетскиот професор Уено. Кучето секој ден го чекало својот господар да се врати од работа, дури и после неговата смрт. Всушност, цели 9 години, Хачико чекал на автобуската постојка со надеж дека ќе се врати неговиот сопственик.

По смртта, Хачико бил погребан до гробот на Уено.

6-skulpturi-shium-svetot-koi-krijat-trogatelni-prikazni-06.jpg

Маж и жена

Оваа скулптура раскажува тажна приказна за двајца љубовници.

Али и Нино биле вљубени еден во друг, но не можеле да бидат заедно поради различната вера на нивните семејства. Нивната приказна е овековечена со скулптурата која е дело на Тамара Квеситаџе и се наоѓа во Грузија.

Секој ден во 19 часот, статуите на мажот и жената се движат една кон друга, сè додека не изгледа како да ќе се бакнат, а потоа тажно се разделуваат.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Збунувачки фотки што треба да ги погледнете двапати за да ви станат јасни Многу реалистичен графит, куче кое изгледа како да има многу долг врат… Многу...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg