Работи за кои не треба да се грижите доколку имате 20 години

Младите луѓе често се оптоваруваат со проблеми на кои понекогаш едноставно не можат да влијаат. Кога имаме 20 години мислиме дека целиот свет е наш и подготвени сме да ризикуваме, без страв од загуба, што е во ред.

Raboti za koi ne treba da se grizite dokolku imate dvaeset godini 01

Секој треба да живее исполнет живот, доколку има можност за тоа, но за некои работи не треба да се грижите доколку имате 20 години.

Сопствен стан

Да, тешко е кога немаме слобода да ги обоиме sидовите во посакуваната боја, или да го исфрлиме она страшно парче мебел што воопшто не одговара на нашиот стил.

Страшно е и да плаќаме кирија секој месец, но за жал, во оваа ситуација се повеќето ваши врсници - затоа престанете да се обвинувате зошто немате сопствен стан.

Сериозна врска

Ќе бидете сами затоа што сте пребирливи или едноставно не сте подготвени да се смирите. Сериозно - ако некогаш се чувствувате виновни затоа што сè уште не го пронајдовте идеалниот партнер, запомнете дека шампањот едноставно не оди со бурек. Во оваа ситуација, вие сте шампањот.

Работа

Луѓето едноставно имаат навика да размислуваат премногу за тоа што некој ќе мисли или каже ако останат во кревет еден ден, но да бидеме реални – повеќе ќе ве осудуваат ако го поминете денот на работа кашлајќи врз тастатурата.

Работете напорно и давате сé од себе и вашите колеги го знаат тоа. Болеста понекогаш е неизбежна. Ако не се чувствувате добро, одморете се.

Raboti za koi ne treba da se grizite dokolku imate dvaeset godini 02

Патувања

„Не видов скоро ништо од светот“. Ова звучи како многу депресивен последен збор, но поради некоја причина излегува од устата на премногу 20-годишници. Да, патувањето е на скоро сечиј список, но патувањето низ светот не е лесно.

Истото вклучува ризици, а купување еднонасочен билет вклучува голем број откажувања, многу пари и голема храброст. Чувствувате вина што сè уште не сте го направивте тој чекор? Не треба.

Изглед

„Кога бев тинејџер изгледав многу подобро“. Споредбата е крадец на среќата и сестра на вината. Гледањето на старите фотографии и обвинување зошто сме сега подебели /послаби и сл. е целосно непотребно и штетно за вашата самодоверба.

Запомнете дека сте во годините каде се градите ментално и физички. На крајот на краиштата, споредувањето на вашиот детски метаболизам со возрасен е навистина глупаво. Престанете да се обвинувате себеси!

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
24 работи што треба да престанете да ги правите во 2024 (за да бидете посреќни и поуспешни) Престанете да им посветувате време на погрешните луѓе, да се плашите да влезете ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg