Работи кои не е паметно да ги правите под дејство на алкохол

Не дозволувајте чувствата да ве измамат по неколку пијалаци. Иако во тој момент мислите дека целиот свет е ваш и дека само небото е ваша граница, не сте во право.

Ovie raboti nikogas ne treba da gi pravite koga ste pijani 01

Вашите способности се значително намалени и вашите идеи се далеку од брилијантни, иако веројатно така ви изгледаат.

Избегнувајте ги овие активности кога не сте трезни:

1. Не пишувајте потсетник за утрешната презентација на работа и во никој случај не му се јавувајте на вашиот шеф за да му кажете нешто од животно значење!

2. Дури и ако добиете желба да разговарате со својот поранешен партнер, избегнувајте вакви разговори! Всушност, најдобро е генерално да го избегнувате телефонот, затоа што којзнае на кого можете да му се јавите!

3. Избегнувајте фотографирање, особено ако сте во непознато друштво! Додека сте под дејство на алкохол нема да можете да се контролирате, па којзнае какви слики можат да испаднат и во чии раце би можеле да завршат!

4. Не се качувајте на шанкови и не се обидувајте да ја имитирате Шакира! Можеби ќе бидете подобри од неа, но покрај шанкот може да биде кој било, а сигурно не сакате вашето однесување да биде главна тема на работа!

Ovie raboti nikogas ne treba da gi pravite koga ste pijani 03

5. Избегнувајте возење и употреба на кој било комплициран уред или апарат! Може да се повредите или да го загрозите сопствениот или нечиј живот!

6. Не пишувајте мејлови во кои ќе пишувате било какви поплаки за вашата канцеларија / колеги / работно опкружување.

7. Никако не треба да усвојувајте никого - ниту домашно милениче, ниту бездомник!

8. Не гледајте нешто што се рекламира на телевизија и не го нарачувајте! Оставете го купувањето за трезвени моменти!

9. Колку и да е сладок дечкото/девојката, не влегувајте во автомобили на непознати луѓе што ги гледате прв пат во животот! (ова е добро за секогаш да се избегнува).

Ovie raboti nikogas ne treba da gi pravite koga ste pijani 02

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за креативни подароци за на мекици (фото) Ако сакате да подарите уникатен подарок на мекици за новородено бебе, имаме неко...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фотки кои ќе ве утешат: Луѓе кои имале полош ден на работа од вас Скинати фармерки, но и колеги кои како да забораваат дека во канцеларијата има и...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg