Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


92 дена во тоалет, 11 години пред екран - Колку време од животот трошиме на секојдневните обврски?

Вежбање

Иако времето во теретана ви трае цела вечност, реалноста е многу поразлична. Просечниот човек вежба само 1 година и 4 месеци во текот на целиот живот.

kolku-vreme-of-zhivotot-miunvame-vo-sekojdnevnite-obvrski-07.jpg

Време пред екран

Можеби кога „зјапате“ во вашиот телефон времето ви минува за миг, но и овојпат реалноста е поразлична.

Се покажало дека просечниот човек минува околу 11 години од животот гледајќи во екран.

kolku-vreme-of-zhivotot-miunvame-vo-sekojdnevnite-obvrski-08.jpg

Седење

Сите сме свесни за „епидемијата на седење“, а бројките се навистина загрижувачки.

Просечниот модерен човек минува дури 21 година од животот седејќи. Кога ќе го земете ова предвид, јасно е зошто инфарктите и мозочните удари се сè почеста појава кај младите.

kolku-vreme-of-zhivotot-miunvame-vo-sekojdnevnite-obvrski-09.jpg

Седење во тоалет

Се проценува дека 92 дена од нашиот живот ги поминуваме на тоалетната школка.

Интересно е што повеќето луѓе минуваат повеќе време од потребното во тоалет. Причината е што голем дел читаат весници или си играат игри додека се во тоалет. Но, овие навики можат да имаат лоши последици врз здравјето.

kolku-vreme-of-zhivotot-miunvame-vo-sekojdnevnite-obvrski-10.jpg

Чекање ред

Чекањето ред сигурно не ви е омилената активност, а ќе поминете дури 235 денови од животот правејќи го ова.

Па, можеби е време да си најдете занимација додека чекате во бескрајно долгите редици. На пример, можете да читате книга или да одговорите на некој мејл.

kolku-vreme-of-zhivotot-miunvame-vo-sekojdnevnite-obvrski-11.jpg

Миење заби

Препораката на заболекарите е да ги миеме забите 2 пати дневно, не пократко од 2 минути. Ова би требало да одземе околу 79 денови од нашиот живот.

Но според податоците, просечната личност минува само 19 денови од животот во оваа активност. Бидејќи неправилното миење на забите може да предизвика кариес, болести на непцето и лош здив, добро би било да посветите повеќе време на оралната хигиена.

kolku-vreme-of-zhivotot-miunvame-vo-sekojdnevnite-obvrski-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Растење со родители што се мразат и уште 12 тешки животни искуства (може да си поиграат со вашиот ум... Барање работа долго време и премореност од сите тие одбивања. Кое е вашето најте...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg