Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


92 дена во тоалет, 11 години пред екран - Колку време од животот трошиме на секојдневните обврски?

Сè што правите - од објавување на социјалните мрежи, па до барање паркинг место, одзема дел од вашето време.

kolku-vreme-of-zhivotot-miunvame-vo-sekojdnevnite-obvrski-01.jpg

Но сте се запрашале ли колку време трошите во текот на целиот живот за секојдневните обврски?

Во продолжение можете да погледнете колку време трошите на миење заби, седење, вежбање... Бројките дефинитивно ќе ве шокираат, а можеби и ќе ве натераат да направите некоја промена.

Заспивање

Експертите пресметале дека во текот на целиот живот трошиме дури 7 години обидувајќи се да заспиеме. Односно, 7 години од животот ги минуваме во креветот не правејќи ништо.

Се препорачува дека ако не можете да заспиете за 20-тина минути, да станете и да правите нешто што ќе ве релаксира.

Постојаното превртување во кревет кога не можете да заспиете само ќе ја засили вашата анксиозност и дополнително ќе ве расони. Во овој случај подобро е да си направите шолја чај, да читате и да слушате релаксирачка музика, а дури потоа повторно да се обидете да заспиете.

kolku-vreme-of-zhivotot-miunvame-vo-sekojdnevnite-obvrski-02.jpg

Барање паркинг

Секој ужива во предностите од имањето автомобил, сè додека не дојде време за барање паркинг.

Наводно, во барање паркинг минуваме 248 денови од нашите животи.

Кога ќе го земете предвид и загадувањето, можеби овој број ќе ве натера почесто да користите јавен превоз.

kolku-vreme-of-zhivotot-miunvame-vo-sekojdnevnite-obvrski-03.jpg

Шопинг

Речиси и да не постои жена која не ужива во шопингот, па не е ни чудно што жените минуваат 8,5 години од животот во купување.

Точната бројка за мажите е непозната, но дефинитивно е многу помала од онаа на жените.

kolku-vreme-of-zhivotot-miunvame-vo-sekojdnevnite-obvrski-04.jpg

Држење диети

За многумина, борбата со килограмите изгледа како да нема крај. А, ова особено важи за жените.

Според едно истражување, жените минуваат дури 17 години од нивниот живот држејќи диети.

kolku-vreme-of-zhivotot-miunvame-vo-sekojdnevnite-obvrski-05.jpg

Подготвување за излегување

Жените се „победнички“ и во оваа катеогрија, а во просек минуваат 136 денови во подготвување за излегување. За одбирање облека, пак, жените трошат 287 денови од нивниот живот.

Мажите не се толку опседнати со својот изглед, па во просек минуваат околу 46 денови за подготвување.

kolku-vreme-of-zhivotot-miunvame-vo-sekojdnevnite-obvrski-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Растење со родители што се мразат и уште 12 тешки животни искуства (може да си поиграат со вашиот ум... Барање работа долго време и премореност од сите тие одбивања. Кое е вашето најте...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg