92 дена во тоалет, 11 години пред екран - Колку време од животот трошиме на секојдневните обврски?
Сè што правите - од објавување на социјалните мрежи, па до барање паркинг место, одзема дел од вашето време.
Но сте се запрашале ли колку време трошите во текот на целиот живот за секојдневните обврски?
Во продолжение можете да погледнете колку време трошите на миење заби, седење, вежбање... Бројките дефинитивно ќе ве шокираат, а можеби и ќе ве натераат да направите некоја промена.
Заспивање
Експертите пресметале дека во текот на целиот живот трошиме дури 7 години обидувајќи се да заспиеме. Односно, 7 години од животот ги минуваме во креветот не правејќи ништо.
Се препорачува дека ако не можете да заспиете за 20-тина минути, да станете и да правите нешто што ќе ве релаксира.
Постојаното превртување во кревет кога не можете да заспиете само ќе ја засили вашата анксиозност и дополнително ќе ве расони. Во овој случај подобро е да си направите шолја чај, да читате и да слушате релаксирачка музика, а дури потоа повторно да се обидете да заспиете.
Барање паркинг
Секој ужива во предностите од имањето автомобил, сè додека не дојде време за барање паркинг.
Наводно, во барање паркинг минуваме 248 денови од нашите животи.
Кога ќе го земете предвид и загадувањето, можеби овој број ќе ве натера почесто да користите јавен превоз.
Шопинг
Речиси и да не постои жена која не ужива во шопингот, па не е ни чудно што жените минуваат 8,5 години од животот во купување.
Точната бројка за мажите е непозната, но дефинитивно е многу помала од онаа на жените.
Држење диети
За многумина, борбата со килограмите изгледа како да нема крај. А, ова особено важи за жените.
Според едно истражување, жените минуваат дури 17 години од нивниот живот држејќи диети.
Подготвување за излегување
Жените се „победнички“ и во оваа катеогрија, а во просек минуваат 136 денови во подготвување за излегување. За одбирање облека, пак, жените трошат 287 денови од нивниот живот.
Мажите не се толку опседнати со својот изглед, па во просек минуваат околу 46 денови за подготвување.