Маска на Путин, блуза со расплакана Ким Кардашијан… Какви бизарни производи може да купиме онлајн?

Ова врнежливо и намуртено време, понекогаш знае да ни ја секне целата креативност. Да нè остави на цедило и како роботи да скроламе по Фејсбук и Инстаграм, да пребаруваме по Гугл со надеж дека ќе налетаме на нешто интересно.

maska na putin bluza so rasplakana kim kardashiujan kakvi bizarni proizvoid moze da najdeme na internet 5

Во слични моменти ако сакате да потрошите некој долар, посетете некоја онлајн продавница и нурнете се во светот на чудни работи што можеби никогаш нема да ги искористите.

Направете нарачка за себе, или изненадете некој пријател со необична ситнурија што ќе ви стигне на домашна адреса… Сите имаме потреба од такви минути, за ич ништо да скратиме дел од нашата заштеда.

Ако сте во некоја блокада, ви подготвивме листа на бизарни производи што може да станат ваши во некој период од животот.

За следниот 1-ви април или за Ноќ на вештерки, обезбедете си маска на Путин и станете енигма сами по себе.

maska na putin bluza so rasplakana kim kardashiujan kakvi bizarni proizvoid moze da najdeme na internet 2

Бидете впечатливи каде и да одите со вашата блуза со расплакана Ким Кардашијан. Апликација со хистеричен момент, направена од полиестер.

maska na putin bluza so rasplakana kim kardashiujan kakvi bizarni proizvoid moze da najdeme na internet 1

Иако е декември, секогаш може да се отпатува на некое егзотично место, за таа цел понесете си бикини со апликација на мињони. И сите погледни ќе бидат свртени спрема вас!

maska na putin bluza so rasplakana kim kardashiujan kakvi bizarni proizvoid moze da najdeme na internet 8

Ако до вчера се чувствувавте осамено, од утре тоа може да се смени тоа. Оваа перница дечко ќе ја смени твојата емотивна празнина.

maska na putin bluza so rasplakana kim kardashiujan kakvi bizarni proizvoid moze da najdeme na internet 7

Ова ланче за хрчак ќе ви биде од корист, дури може да го прошета и во вашето маало.

maska na putin bluza so rasplakana kim kardashiujan kakvi bizarni proizvoid moze da najdeme na internet 6

Оние кои се под стрес и за нив има нешто – ослободител од стрес во вид на боранија.

maska na putin bluza so rasplakana kim kardashiujan kakvi bizarni proizvoid moze da najdeme na internet 3

На списокот не му се гледа крајот. Она што може да се согласиме дека што и да се произведе на овој свет може да си најде свој купувач. Сепак, живееме во 21-ви век!

Автор: Х. Е.

Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg