Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Првото убиство во историјата е старо неверојатни 430 илјади години

Черепот на еден маж, стар 430.000 години, открива дека истиот починал од два удари во главата, а потоа бил фрлен во коскената пештера.

Prvoto ubistvo vo istorijata e staro neverojatni 430 iljadi godini 01

Археолозите го откриле она за што веруваат дека било прво убиство во светот, старо неверојатни 430 илјади години. Овој череп, откриен во Шпанија, се смета за прв докажан случај на убиство во историјата.

Човекот бил убиен со вкупно два тешки удари во главата, поточно во пределот над левото око.

Археолошкото место Sima de los Huesos, во северна Шпанија, се наоѓа во областа на подземниот пештерски систем, а содржи остатоци од скелети на најмалку 28 различни лица. Таму се откриени и 52 фрагменти со што е собран цел череп, а она што е откриено е доста неверојатно.

Смртта не била случајна, имено, научниците забележале докази за две јасни фрактури на предниот дел на черепот, кои јасно укажуваат дека ударите биле намерни.

Потпирајќи се врз модерните форензички технологии, истражувачите докажале дека и двете фрактури се резултат на повторени удари со исто оружје.

Prvoto ubistvo vo istorijata e staro neverojatni 430 iljadi godini 02

Единствениот начин за пристап до местото на ископување е преку вертикален отвор длабок 13 метри, а како човечките остатоци се нашле таму е вистинска мистерија.

Овие фрактури се толкуваат како прв докажан чин на насилство, односно прв случај на убиство во историјата. Коскената пештера е едно од најбогатите места на фосилни праисториски остатоци во Европа.

Prvoto ubistvo vo istorijata e staro neverojatni 430 iljadi godini 03

Во 2013 година, научниците ја извлекле најстарата човечка ДНК, користејќи ја фосилизираната коска на човечката нога. Неговата ДНК секвенца покажува дека тој бил поврзан со уште еден вид на луѓе што живееле во Сибир пред околу 700 илјади години.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
Сериски убијци кои биле пуштени од затвор и денес се на слобода Некои сериски убијци биле пуштени од затвор поради добро однесување, а некои, ед...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg