Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тајната соба зад најпознатиот американски споменик открива голема неправда

Лицата на четворицата американски претседатели се еден од симболите на САД, но малкумина знаат дека зад се крие интересна тајна.

Tajnata soba zad najpoznatiot amerikanski spomenik otkriva golema nepravda 01

Лицата на Вашингтон, Џеферсон, Линколн и Рузвелт се наоѓаат на планината Рашмор, во Јужна Дакота, а ова место го знаат речиси сите. Тука е сниман и култниот филм на Хичкокок „Север-северозапад“, „Националното богатство“, „Тим Америка“…

Во 14 години планирање, резбање и надгледување на завршувањето на споменикот на планината Рашмор, уметникот Гуцон Борглум го завршил делото на карпите кое прикажува 150 години од историјата на САД.

Скулптурите се високи 18 метри, а се наоѓаат во близина на Кејстон, Јужна Дакота и зафаќаат површина од 5,17 квадратни милји.

Борглум сакал да прикаже и седум важни настани во американската историја, но неговиот план бил премногу амбициозен. Сепак добил и дозвола да работи на тајна просторија што на посетителите ќе им ја раскаже историјата на Соединетите држави, презентирајќи ја преку некои од најважните документи.

Собата се нарекува „Hall of Records“.

Tajnata soba zad najpoznatiot amerikanski spomenik otkriva golema nepravda 02

Собата започнала да се формира во 1938 година. Врата висока пет и пол метри, требало да води до просторија долга 22 метри. Но американската влада не го делела ентузијазмот на уметникот, па средствата биле ограничени.

Но Борглум починал во март, 1941 година, оставајќи ја историската соба недовршена. Неговото семејство не се откажало, со децении неговите потомци барале од владата да ја заврши просторијата во негова чест.

Tajnata soba zad najpoznatiot amerikanski spomenik otkriva golema nepravda 03

Имено, поради локацијата на просторијата, ретко кој може да ја посети оваа собра, така што скриената просторија ќе остане тајна уште некое време, а истата можат да ја посетат само одбраните луѓе.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
Позади добрите фотки на Бали стои водич кој ви објаснува како да позирате (видео) „Ова е навистина од помош за срамежливи парови“, „Водичите на Бали дефинитивно с...
Била ѕвезда во Холивуд, татко ѝ ја убил на 10-годишна возраст: Тажниот и краток живот на актерката Џ... До 10-годишна возраст, Џудит Барси се појавила во 70 реклами, како и неколку поп...
„Се вљубив во маж онлајн – братучетка ми се криела зад профилот“: Детали за најдолгата интернет изма... Кират Аси од Лондон девет години мислела дека е во врска со доктор кој го запозн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg