7 знаци дека пријателката ви е токсична

Раскинувањата не важат само за љубовните врски. Ако имате токсична пријателка, понекогаш „раскинувањето“ со неа е најдоброто решение.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vasheto-prijatelstvo-e-toksichno-01.jpg

Постојат неколку знаци кои покажуваат дека вашето пријателство е еднострано. Ако забележите дел од нив, тогаш вашата најдобра пријателка повеќе не ја заслужува нејзината титула.

Добрите вести ги чувате за себе

Дали избегнувате да ѝ кажете на најдобрата пријателка дека некој ве поканил на кафе, дека сте се спријателиле со некој колега, дека ви ја покачиле платата и слично?

Можеби ги криете добрите вести од неа бидејќи таа е љубоморна, сака да биде подобра од вас и реагира негативно на секое добро во вашиот живот.

Размислете дали ги криете добрите вести од неа бидејќи ви е страв дека ќе ги „расипе“ со некој лош коментар. Ова е личност што не ви треба во животот.

Вашата најдобра пријателка треба да се радува за секој ваш успех, дури и повеќе од вас.

Секогаш зборува таа, и тоа само за неа

Дали пријателката ве прекинува кога зборувате, без разлика дали кажувате нешто важно?

После некое време веројатно ќе се откажете и сите разговори ќе бидат само за неа. Што ѝ се случило на работа, каде била вчера, кој ѝ се додворувал…

Ако, пак, успеете да кажете нешто за себе, таа едвај чека да завршите за да продолжи да зборува за себе.

Доколку пријателката не е заинтересиран за вашиот живот, тогаш не станува збор за рамноправно пријателство.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vasheto-prijatelstvo-e-toksichno-02.jpg

Со неа се чувствувате како да сте пред судија

Сте забележале ли дека пријателката постојано ве критикува? Ви вели дека лошо ви стои облеката, се лути ако не можете да излезете со неа, не ѝ се допаѓа подарокот што сте ѝ го купиле…

Доколку постојано ги критикува вашите одлуки и мислење, тоа значи дека не ги цени. Смета дека таа знае што е најдобро и целосно ги занемарува вашите вредности и потреби.

Не можете да се потпрете на неа

Можеби сте се договориле за нешто пред цел месец, а таа во последен момент ве откачила. Зарем сакате пријателка која не го цени вашето време, ги прекршува ветувањата и ги игнорира?

Ова е јасен знак дека вашата пријателка ќе го изгуби интересот за вас штом ќе се појави некој или нешто поинтересно.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vasheto-prijatelstvo-e-toksichno-03.jpg

Пријателството е еднострано

Ниту едно пријателство не е совршено рамноправно. Можеби едниот пријател е одличен слушател и ги дава најдобрите совети, додека другиот секогаш планира и организира нешто.

Но, ако постојано имате чувство дека само вие слушате, давате совети и организирате средби, тогаш нешто не е во ред.

Во овој случај можете да направите имал тест – немојте да ѝ се јавувате неколку денови. Дали целосно ќе ве заборави, ќе ви се јави бидејќи ѝ треба нешто или сепак ќе ве побара бидејќи ѝ недостасувате?

Постојано е „залепена“ за вас

Дали пријателката ве тера да излегувате заедно секој викенд, да го прифатите секое нејзино мислење, да ѝ правите друштво на секој настан, а не прифаќа одбивање?

Во овој случај, вашата пријателка е зависна од вас до тој степен, што ве исцрпува и го троши целото ваше време.

Обидете се да ѝ кажете дека вие имате ваш живот и не можете да се грижите само за неа. Доколку не сака да го прифати тоа, вашето пријателство е токсично.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vasheto-prijatelstvo-e-toksichno-04.jpg

Постојано се жали

Филмот бил ужасен, забавата била здодевна, келнерот бил неучтив кон неа… Дали постојано слушате вакви работи од вашата пријателка?

Навистина е тешко да бидете со личност која постојано има забелешка за сè.

Понекогаш и вие ќе имате лош ден и вам ќе ви биде потребна поддршка, а овде треба да истапи вашата најдобра пријателка. Но, кога некој е постојано незадоволен и негативен, како ќе ви помогне да си го подобрите расположението?

Не им се радувате на заедничките планови

Наместо да им се радувате на заедничките излегувања и планови, вие барате изговор како да откажете.

Веројатно сте забележале дека се чувствувате подобро кога не сте во нејзина близина. Штом сте почнале да размислувате за ова, тогаш таа не е добра личност за вас.

Немојте да чувствувате вина ако повеќе не сакате да бидете пријателки. Секој заслужува пријател што ќе се грижи и што ќе биде овде за него. Стравот и вината не треба да бидат причина да останете во токсично пријателство.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg