Кејт Мос на скриена камера
Никој веќе не се воодушевува од модните фотографии на убавиците затоа што е јасно дека убавината и харизмата се сè повеќе извештачени. Што се случува со...
...моделите кога ќе се изгасат камерите, дали и сонот се гаси?
Дали се секси само додека знаат дека ги снимаат? Не. Кејт Мос е таква и кога прави пауза.
Инез Ван Ламсверд и Винод Матадин се двајца модни фотографи кои се ангажирани да ја снимат новата кампања за "Balman", чие заштитно лице е Кејт Мос. Тие поставиле скриени камери кои ја снимале Кејт како лежи на кауч, сензуално и без присила.
Краткиот филм со анимирани детали кој настанал од ова снимање е наречен "Everglade" по песната која е користена во позадина.
Ова уметничко дело и реклама докажува дека вистинската харизма не може да биде одглумена.
Погледнете ја сензуалната Кејт Мос, за која некогаш лудуваше Џони Деп, а и понатаму е омилена меѓу креаторите низ светот.