Навидум безопасни секојдневни навики со кои ја уништуваме планетата
Користење прибор и стапчиња за една употреба
Приборот за една употреба е голем загадувач, а најголем проблем прават стапчињата за јадење.
Само во Кина, секој ден се користат 80 милиони пара стапчиња за јадење за една употреба. За да се задоволи оваа побарувачка, секоја година се сечат околу 4 милиони дрва.
Пиење кафе
Кафето е навистина популарен пијалак, а има и многу здравствени придобивки. Но, изгледа дека индустријата за кафе не е најдобра за околината.
Денес фармите за кафе се поштетни за околината од кога било. Поради зголемувањето на популарноста на пијалакот, секоја година се сечат огромни шумски површини, кои се клучни за биодиверзитетот.
Друг проблем кај кафето се и чашите за една употреба, кои се користат насекаде.
Користење влажни марамчиња
Можеби влажните марамчиња се практични, но тие се нарекувани и најголемиот непријател на околината.
Повеќето од марамчињата содржат пластика, која на крај завршува во океаните. А, оваа пластика ја консумираат морските животни.
Покрај тоа, многу луѓе ги фрлаат влажните марамчиња во тоалетната школа, што пак ја затнува канализацијата. Всушност, влажните марамчиња сочинуваат 93% од материјалите што ги затнуваат канализациските цевки.
Користење батерии за една употреба
Батериите што ги користиме за часовници, калкулатори и далечински управувачи, па дури и оние за лаптопи и телефони, се особено штетни за околината.
Батериите содржат олово, цинк, никел, сребро, жива и литиум. Кога ќе почнат да се распаѓаат, тие ослободуваат стакленички гасови кои можат да предизвикаат глобално затоплување.
Покрај тоа, штетните хемикалии се апсорбираат и во почвата, па на крај завршуваат во нашата храна.
Користење бричови за една употреба
Бричењето е дел од секојдневието на многу луѓе, па не е ни чудно што на пазарот има голема побарувачка за бричови.
Проблемот е што повеќето користат бричови за една употреба. Според еден извештај од 2018-та, 163 милиони жители на САД користеле само бричови за една употреба.
Овие бричови се направени од пластика и гума, кои не се разградуваат и не се рециклираат.
Спирова С. | Црнобело