Не молчете, побарајте помош - Какви видови на семејно насилство постојат и како да ги препознаете?
Семејното насилство, познато и како насилство од интимни размери и семејна злоупотреба е трагична појава во нездрави односи што вклучува една или две страни кои физички и/или емоционално ја злоупотребуваат другата.
Односно, семејното насилство претставува шема на принудни тактики што се користат за стекнување и одржување моќ и контрола во тековен, познат однос. Mанифестација на дисфункционални односи кои вклучуваат изопачени рамнотежи на моќ, почит, контрола (благосостојба).
Семејното насилство создава токсични врски. Покрај децении на правни и социјални напори за намалување на семејното насилство, тоа сепак се смета за огромен проблем.
И покрај фактот дека една жена е нападната или тепана во САД на секои 9 секунди, повеќето случаи на домашен напад се сметаат за непријавени.
1 од 4 жени и 1 од 7 мажи се жртви на семејно насилство во текот на животот. Семејната злоупотреба се смета за единствената водечка причина за повреда на жените.
Повеќе од 21% од жените изјавиле дека се плашат од консумирањето алкохол на нивниот партнер во споредба со 6,3% од мажите.
Скоро 40% од жените изјавиле дека се соочиле со физичка злоупотреба произлезена од алкохолизирана состојба во рамките на интимна врска во споредба со 11% од мажите.
Насилниците можат да потекнуваат од различни извори. Ниската самодоверба, неконтролираната љубомора и чувството на лажна супериорност можат да поттикнат навредливо однесување.
И покрај токсичните, ужасни однесувања на насилникот, тие избираат да ја злоупотребат можноста, наместо да го почитуваат својот партнер на здрави начини.
Како видови на семјно насилство, постои насилно однесување во повеќе форми вклучувајќи: сексуално, емотивно, физичко, ментално, духовно и вербалнo.
Физичко насилство
Физичкото насилство е обележано со удирање, туркање, мавање на шлаканици и тупаници, гризење, и е највидливиот знак на злоупотреба.
Емоционална злоупотреба
Емоционалната злоупотреба опфаќа омаловажувачки коментари, потценувања, сомневања, манипулации и игнорирање на потребите на партнерите, меѓу другото.
Насилникот може да го натера партнерот да се чувствува непожелен, засрамен, безвреден или виновен за состојбата во која се наоѓа.
Ментална злоупотреба
Менталната злоупотреба има за цел да наштети со тоа што ќе ги наметне недостатоците на насилникот врз партнерот, менувајќи како жртвата се гледа себеси.
Сторителот може да ја обвини жртвата за злоупотреба, да ги минимизира нивните болни емоции или да игра „жешко и ладно“ за да ја одржи моќта над жртвата.
Вербална злоупотреба
Вербалната злоупотреба вклучува злоупотребувачи што ја навредуваат, малтретираат или ја обвинуваат својата жртва.
Главна одлика на оваа злоупотреба е тонот со кој злоупотребувачот разговара и зборовите кои тој ги упатува.
Сексуална злоупотреба
Сексуалната злоупотреба има за цел да ја присили жртвата да се покори или сосема да ги потисне нејзините размислувања, со тоа што ги надминува границите со принуда.
Оваа жртва е склона кон доживување на силување, несакани допири, сексуално вознемирување, притисок да извршува повеќе непријатни сексуални чинови.
Партнерот, исто така може да го користи сексот како алатка за одржување на контролата врз казната.
Духовна злоупотреба
Духовната злоупотреба може да вклучува лажен ентузијазам и надеж за здрава врска.
Исто така насилниците комбинираат различни видови на семејно насилство за да имаат целосна контрола над менталната и емоционалната благосостојба на нивните жртви.
Како на пример, користење присила, користење на заплашување (т.е. уништување работи или прикажување оружје), искористување на децата (т.е. испраќање пораки преку деца или закана дека ќе ги однесе некаде), користење родова привилегија (т.е. третирање на жртвата како слуга) и многу други случаи.
Наоѓање помош за алкохол и семејно насилство
Ако сте некој кој има проблеми со семејно насилство или насилство од интимен партнер и верувате дека алкохолот игра улога, лекувањето од алкохолизам може да биде препорачлив за дејствување.
Оттука се продира до коренот на прашањата поврзани со потребата од моќ и контрола што довела до циклус на семејно насилство и алкохолизам.
Ако не сте сигурни каде да се обратите, обратете се кај надлежните институции преку кои може да ангажирате специјалист за третман.
Тие можат да ви помогнат да го пронајдете најдобриот третман за зависност од алкохол и да ве одведат до првите чекори на трезвеност.
Жртви, не молчете! Истото важи за вашите пријатели, деца, сопружници, познаници, соседи.
Доколку забележите некој што поминува низ оваа грозница, подадете рака, помогнете.
Доколку тоа не можете да го сторите лично, ивршете ја вашата обврска како граѓанин на оваа држава.
Секој од нас е должен да пријави сознание за семејно насилство во полициска станица, центар за социјална работа, здружение или на националната СОС линија.
Секој има право на подобро утре. Секој заслужува живот!
Мила М. | Црнобело