Се чувствувате неисполнето?
Не е ретко чувството дека не работите доволно и дека не постигнувате доволно резултати. Тоа чувство воглавно има врска со тоа што премногу очекуваме од...
...себе, а не со тоа колку и дали доволно работиме.
Потоа доаѓа до фрустрација, недостаток на самодоверба, разочарување во самите себе - и сè поради нереалните очекувања кои , сосема можно, се наметнати од страна.
Погледнете ја сликата на една успешна жена која ја сервираат медиумите.
Треба да бидете жена со кариера, грижлива мајка, примерна домаќинка, да излегувате и лудувате со пријателки, секој пат да сте тип-топ дотерани, насмеани, расположени, да волонтирате на неколку места (хуманитарната работа е многу важна), а секако да имате и хоби кое одлично ви оди и ви помага да се опуштите по сите обврски.
А, да - треба да стигнете и доволно да се наспиете, редовно да се храните и добро да се негувате. Сето тоа треба да се случи за 24 часа.
Со таква слика и со постојани обиди да додадете уште нешто во и онака натрупаниот распоред, секако дека ќе почувствувате дека не постигнувате доволно. Дури и ако вашата слика за успех не е таква, сепак ќе се чувствувате дека не постигнувате доволно, бидејќи секогаш има уште нешто да се сработи.
Размислувајте за тоа, сепак, повремено. По потреба земете пенкало и лист или водете дневник. Редовно запишувајте што сте сработиле во текот на денот на работа, дома, со саканата личност, со родителите, пријателките, сте се прошетале негде, нешто сте прочителе и така со ред. Запишувајте ги и ситниците, затоа што и тие се дел од вашата активност.
Ќе имате доста за пишување ако тргнете од утрото па се до вечерта. Ако ништо не работите или не постигнувате списокот ќе биде краток и нема да ви одземе многу време.
Постапката со запишување не треба постојано да се повторува, повторете ја по потреба, тогаш кога ќе почувствувате сомнеж дека не работите доволно. Ќе видите дека постигнувате многу, ќе видите што ви е вишок во работењето и што би можело да се замени со нешто покорисно.